Генералниот секретар на Обединетите Нации, Гутереш, повика на итен прекин на судирите во Судан. Во виртуелното обраќање на состанокот на арапската лига тој побара прекинот на огнот да потрае најмалку три дена поради прославата на Рамазан.
-
Свет 21.04.2023 09:14
-
Свет 20.04.2023 15:01
Продолжува судирот меѓу водечките воени команданти во Судан
Жестоките судири во Судан продолжија и покрај најавениот прекин на огнот. Според очевидци, Армијата и паравоените РСФ размениле оган во главниот град Картум.
-
Свет 20.04.2023 14:20
Столтенберг во посета на Киев
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Киев, за прв пат од почетокот на руската инвазија, во знак на поддршка за контраофанзивата. Откако им оддаде почит на војниците кои загинаа, челникот на Алијансата ја прегледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад.
-
Свет 20.04.2023 13:37
Железницата на Франција на штрајк
Железницата на Франција на штрајк. Вработените палеа оган пред станиците во знак на револт кон пензиската реформа на претседателот Макрон.
Демонстрациите траат со недели. Французите не сакаат поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 20.04.2023 12:15
Поради штрајк откажани над 700 летови во Германија
Четири германски аеродроми ги откажаа сите полетувања поради дводневниот штрајк на вработените во безбедносната контрола.
-
Свет 20.04.2023 12:06
Жртви во стампедо во Јемен
Десетици лица загинаа во стампедо во Јемен кое почнало по истрели од огнено оружје и електрична експлозија на настан за дистрибуција на финансиска помош во главниот град.
-
Свет 20.04.2023 11:57
Киев: Операцијата во Бахмут е контраофанзива
Киев порача – операцијата во Авдејевка и Бахмут може да се сметаат за контраофанзива. Руските сили тврдат дека противникот минирал згради со цивили, но украинската демантира.
-
Свет 20.04.2023 11:40
Цивилите масовно бегаат од Картум
Договорот за примирје пропадна. Се празни главниот град на Судан поради разгорените вооружени пресметки меѓу армијата и паравојската.
-
Свет 20.04.2023 09:48
Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца не примиле редовни вакцини
Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН.
-
Свет 19.04.2023 13:20
Конфликтите во Судан не стивнуваат, илјадници луѓе се без пристап до храна
Борбите во Судан продолжија и покрај договорениот прекин на огнот од завојуваните страни на 24 часа. Во Картум се слушале експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требаше да стапи на сила примирјето. Неочекуваната ескалација на борбите во Судан.










