Апсења поради кражби во турските подрачја погодени од земјотресот. Бројот на загинати таму и во Сирија надмина 28.000. СЗО стравува од голема здравствена криза во двете земји.
-
Свет 12.02.2023 12:57
-
Свет 12.02.2023 11:38
Спречен терористички напад пред изборот за Мис на Белгија
Спречен терористички напад пред изборот за Мис на Белгија. Уапсен е 40-годишен маж кој носел панцир и два пиштола.
Полицијата дознала за планот од порака на негов познаник.
-
Свет 12.02.2023 10:11
Аргентина погодена од топлотен бран
Аргентина се бори со осмиот топлотен бран од почетокот на летото на јужната хемисфера. Во девет покраини на северниот и централниот дел на земјата се издадени предупредувања за екстремни температурни вредности какви што не биле измерени во последните шест децении.
-
Свет 12.02.2023 10:11
Жртви во пожарите во Чиле, воведен е полициски час
Полициски час во неколку региони во Чиле. Триесетина загинати, над 2.000 повредени во шумските пожари кои уништија илјадници домови.
-
Свет 12.02.2023 10:10
Соборен е неидентификуван објект над северниот дел на Канада
По наредба на канадскиот премиер Трудо, американски воен авион соборил неидентификуван објект над северниот дел на земјата.
-
Свет 12.02.2023 10:10
Пресретната ракета од палестинските милитанти
Сирени за воздушна опасност во јужен Израел. Војската пресретнала ракети од палестинските милитанти на Појасот Газа.
Нападите зачестија откако Израел ги интензивираше рациите на Западен Брег по серија смртоносни пресметки меѓу двете страни.
-
Свет 12.02.2023 10:09
Бахмут и натаму меѓу најразгорените точки на фронтот
Бахмут и натаму меѓу најразгорените точки на фронтот во Украина. „Членство во НАТО по победата над Русија“ – изјави владата во Киев.
Москва тврди дека пред два дена, силите под нејзина команда извршиле масовен напад врз енергетските структури на противникот.
-
Свет 12.02.2023 10:09
Над 28 илјади настрадани во земјотресот
Турските безбедносни тимови уапсија стотина лица осомничени за ограбување оштетени згради по силните земјотреси.
Во Хатај се приведени и лица кои се претставувале како хуманитарни работници и се обиделе да ограбат камиони со храна наменети за помош.
-
Свет 11.02.2023 15:32
Антивладини протести во Тирана
Силно полициско обезбедување во Тирана. Претседателот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија Сали Бериша организира масовен протест против Владата на премиерот Еди Рама.
-
Свет 11.02.2023 13:05
Бројот на жртви расте, се бараат преживеани
Потрага низ купиштата бетон и железо да се стигне до преживеан, да се слушне повик за помош.
„Ако го слушаш мојот гласат, тропни двапати“.
„Тропнаа двапати“.
„Доаѓаме по вас“.










