• Свет 28.01.2023 10:08

    Втор круг претседателски избори

    Последен ден од вториот круг од претседателските избори во Чешка. За шеф на државата се борат поранешниот командант на армијата Петр Павел и поранешниот премиер Андреј Бабиш.

  • Свет 28.01.2023 10:04

    Продолжуваат борбите во Украина

    Продолжуваат битките во Украина. Руските војници се обидуваат да ги пробијат линиите на фронтот на исток и североисток пред Киев да ги добие тенковите западните сојузници.

  • Свет 28.01.2023 09:59

    Хамас презеде одговорност за нападот во Ерусалим

    Хамас ја презеде одговорност а за нападот во Ерусалим во кој седум лица загинаа а десетина беа повредени за време кога верниците излегувале од синагога. 21 годишниот напаѓач почина во судирот со полицијата кога се обидувал да избега.

  • Свет 27.01.2023 13:09

    Годишнина од ослободувањето на Аушвиц

    Преживеаните од логорот Аушвиц-Биркенау ја одбележаа 78-годишнината од ослободувањето при крајот на втората светска војна.

    За време на нацистичката окупација, во логорот се вршело систематско погубување на Евреи, Полјаци, Роми и заробеници од други националности.

  • Свет 27.01.2023 12:14

    Продолжуваат нападите во Украина

    Русија почна нов бран напади откако Украина си обезбеди тенкови. Десетина лица загинаа во последните бомбардирања во кои, според Киев, биле испалени 50 проектили и 20 дронови.

  • Свет 27.01.2023 12:08

    Павел фаворит за претседателските избори во Чешка

    Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш во вториот круг од гласањето за нов претседател.

    Пензионираниот 61-годишен генерал e независен, прозападен кандидат и има поддршка од централнодесничарската чешка Влада.

  • Свет 27.01.2023 09:51

    Поплави во Окленд

    Поројните дождови и силниот ветер и натаму им го отежнуваат секојдневието на жителите на Окленд, Нов Зеланд.

    Пријавени се штети во домовите, предизвикани се блокади на сообраќајниците. Во северните делови од островот е издадено предупредување.

  • Свет 27.01.2023 09:46

    Палестинските милитанти истрелаа две ракети врз Израел

    Палестинските милитанти истрелаа две ракети од Појасот Газа кон јужен Израел. Ракетите беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

  • Свет 27.01.2023 09:39

    САД: Убиени се лидер и членови на Исис

    Администрацијата во Вашингтон известува за убиство на висок лидер на ИСИС и 10 члена на терористичката група во северна Сомалија. Ал-Судани беше одговорен за ширење на мрежата во Африка и финансирање на операциите на групата ширум светот, вклучително и во Авганистан.

  • Свет 27.01.2023 09:28

    Нов бран руски напади, има жртви

    Русија почна нов бран напади откако Украина си обезбеди тенкови. Десетина лица загинаа во последните бомбардирања, во кои според Киев, биле испалени 50 проектили и 20 дронови.

Pages