• Свет 11.04.2023 09:48

    Еруптираше вулкан на Камчатка

    Еруптира вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка. Исфрлен е облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај. Активирана е црвена тревога.

  • Свет 11.04.2023 09:44

    Кина ги заврши воените вежби, тајванската претседателка со критики

    „Маневрите предизвикаа нестабилност на островот и во регионот и се неодговорни акции за таа голема земја“, напиша тајванската претседателка на Фејсбук, откако Пекинг ги заврши тридневните вежби околу островот.

  • Свет 11.04.2023 09:38

    Битки за Бахмут и Авдејевка

    Битки за Бахмут и Авдејевка. Властите на Доњецк под контрола на Москва тврдат дека 75% од Бахмут е во нивни раце. Украина бара странски пилоти да ги користат и сервисираат американските борбени авиони Ф-16 за одбрана на нејзината територија.

  • Свет 11.04.2023 09:26

    Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска

    Челникот на Белата куќа Џо Бајден во посета на Северна Ирска. Денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт.

  • Свет 11.04.2023 09:15

    Луисвил: Шест загинати во новиот вооружен масакр во САД

    Банкарски службеник уби пет лица, а рани осум во вооружен напад во банка, во Луисвил, Кентаки. Меѓу убиените е и напаѓачот, кој во живо го пренесуваше пукањето на Инстаграм.

  • Свет 10.04.2023 18:09

    Заробени рудари во косовскиот рудник „Трепча Југ“

    Десетици рудари од синоќа се заробени во косовскиот рудник „Трепча Југ“. Се наоѓаат на околу 900 метри под земја, а причината за инцидентот е проблем со струјата во лифтот.

  • Свет 10.04.2023 17:43

    Петмина убиени во пукање во Кентаки

    Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата. Осомничениот напаѓач е мртов. По пукотницата шестмина биле донесени во болница.

    Пукањето се случило во близина на бејзбол стадионот Слагер Филд во центарот на Луисвил.

  • Свет 10.04.2023 14:49

    САД го истражуваат протекувањето доверливите документи

    Кој објави строго доверливи американски документи и зошто? Министерство за правда на сад почна истрага. Десетици класифицирани страници со мапи, графикони и фотографии кружат на интернет.

  • Свет 10.04.2023 14:32

    Две торнада го погодија Окленд

    Две торнада погодија неколку делови на Нов Зеланд. Во Источен Окленд оштетени се 50 имоти, пожарникарите и итните служби на Нов Зеланд соопштија дека примиле околу 50 повици за помош.

  • Свет 10.04.2023 14:28

    Брод со 400 мигранти остана без гориво и почнал да се полни со вода во Медитеранот

    Брод со околу 400 мигранти без капетан плови меѓу Грција и Малта и се полни со вода. Од службата за помош „Аларм Фоун“, велат дека во текот на ноќта добиле повик од бродот, кој испловил од Тобрук во Либија.

Pages