Париз и Рим потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“.
-
Свет 31.01.2023 09:53
-
Свет 31.01.2023 09:52
Тревога за воздушна опасност, Москва ја поместува линијата на фронтот
Тревога за воздушна опасност низ Украина. Москва ја поместува линијата на фронтот на истокот. Русија и Белорусија на еднонеделна обука за најавените воени вежби.
-
Свет 30.01.2023 15:07
Експлозија во џамија во Пакистан
Десетници загинати, меѓу кои и полицајци во експлозија во џамија во Пешавар, Пакистан. Над стотина верници се ранети во објектот кој се наоѓа во близина на полициска станица. Во моментот на детонацијата внатре биле околу 300 луѓе.
-
Свет 30.01.2023 14:24
Курти: предлогот на ЕУ е добра основа за дискусија
За косовскиот премиер Курти, европскиот предлог е добра основа за договор со Србија. Изрази подготвеност за разговор за бриселските спогодби, нагласувајќи дека не добил соодветни аргументи за основање на заедницата на српски општини.
-
Свет 30.01.2023 14:23
Падна воен авион во Јонското море
Падна воен авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица. Паднал во Јонското море. Се трага по двајцата пилоти.
Авионот што полетал во 10.15 часот од северозападниот дел на Пелопонез, се урнал во морето за време на едукативен лет.
-
Свет 30.01.2023 12:41
Жестоки руски напади врз Харков и Керсон
Жестоки руски напади врз Харков и Керсон. Оштетени се станбени згради, социјални и транспортни објекти, болница, пошта и автобуска станица. Има загинати и повредени цивили.
-
Свет 30.01.2023 12:05
Блинкен во посета на Ерусалим
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во рамки на тридневната посета на Блискиот Исток престојува во Ерусалим во време на растечки тензии меѓу Израелците и Палестинците.
-
Свет 30.01.2023 11:48
Столтенберг во посета на Јапонија
Во рамки на азиската турнеја, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Јапонија, на средби со државниот врв. Вчера на состаноците со високи јужнокорејски претставници, зборуваше за настаните во Европа и Северна Америка и нивната меѓусебна поврзаност со други региони.
-
Свет 30.01.2023 10:34
Силен земјотрес во Кина
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди оддалечениот дел од северозападниот кинески регион Ксинџијанг. Засега нема информации за поголема материјална штета или повредени.
-
Свет 30.01.2023 10:26
Нов Зеланд опустошен од поплавите
Оукленд во Нов Зеланд е опустошен од поплавите. Градот се подготвува за уште поизобилни дождови во наредните денови, предупредија властите. Според осигурителните компании, ова веројатно ќе биде најскапиот временски настан.










