Поддршка од Владата за формирање задруга ќе добијат земјоделците од скопското село Бразда и околните места во општина Чучер- Сандево. Со тоа ќе се реши нивниот долгогодишен проблем - непречена продажба на арпаџикот што им е основна дејност.
-
Економија 02.03.2016 12:14
-
Економија 02.03.2016 10:32
„Форбс“: Бил Гејтс најбогат човек на планетата
Од светот на богатите доаѓа информацијата дека магазинот „Форбс“ по 22-ри пат, за годинава го прогласил Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ за најбогат човек на планетата. Неговото богатство се проценува на 75 милијарди долари, при што лани загубил 4 милијарди.
-
Економија 01.03.2016 15:36
Нова инвестиција- нова надеж за невработените во Демир Хисар
Ефектите од директните странски инвестиции се чувствуваат и во малата и неразвиена општина Демир Хисар. По руски „Гришко“, пазарот на трудот го раздвижува и најновата браунфилд инвестиција на германската компанија „СТС Текстил“.
-
Економија 01.03.2016 13:33
Саем за градежништво: Над 3.000 плацеви и станови преку „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“
Станови, куќи, парцели, матeријали, во Скопје- Саем на градежништво и недвижности. Над 3.000 државни плацеви и уште толку станови достапни за заинтересираните купувачи. Проектот „Купи куќа за млади“ ги раздвижи општините.
-
Економија 01.03.2016 12:59
„Југохром“ го рестартира производството
Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце го рестартира своето производство. Менаџментот соопшти дека во функција се ставени две печки.
-
Економија 01.03.2016 12:15
Аеродромот „Александар Велики“ најдобар во Европа во категорија под два милиони патници
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиона патници, соопштуваат од концесионерот ТАВ Македонија.
-
Економија 01.03.2016 10:58
Почнува Саемот за градежништво и недвижности
Почнува Саемот за градежништво и недвижности на кој ќе бидат понудени над 3.000 плацеви и 3.000 станови за кои можат да се користат средства преку проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
-
Економија 01.03.2016 10:35
Привршува откупот на тутун, цените повисоки од лани
Откупот на тутунот можно е да заврши порано од законскиот рок до 15- ти март. Досега се откупени скоро 19.000 од 21.000 тони колку што се проценува вкупниот род. Просечна цена е 185 денари за килограм.
-
Економија 29.02.2016 16:37
Браунфилд инвестиција: Германски „СТС Текстил“ инвестира во Демир Хисар
Нова браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Германската компанија „СТС Tекстил“ во следните месеци ќе инвестира четири милиони евра во постоечкиот капацитет на „Застава“. За почеток се планирани 150 вработувања, а во текот на инвестициски процес се очекува бројката да достигне 1.500.
-
Економија 29.02.2016 16:26
Се крати рокот за исплата на откупени производи
Наместо за шест, најдоцна за три месеци сите откупувачи, мелничари, винарски визби, преработувачи и кланици треба да ги исплатат земјоделците за предаденото примарно производство. За ова барање на земјоделците ќе се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој.










