Повеќе од 100 компании и околу 14 општини ќе се претстават на меѓународниот саем за градежништво што ќе се одржи од 1 до 5 март. Ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
-
Економија 23.02.2016 13:40
-
Економија 23.02.2016 13:26
Утре Караванот „Купи куќа за млади“ во Охрид и Струга
Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Охрид, во Општината и во Струга, во хотел „Солферино“. Презентациите почнуваат во 17 часот, соопштуваат од Министерството за финансии.
-
Економија 22.02.2016 16:09
12 милиони евра од ЕБРД за енергетско поврзување на Македонија и Албанија
Европската унија ја потврди определбата да обезбеди 12 милиони евра грант, поддршка за изградба на 400 киловолтниот далновод меѓу Македонија и Албанија.
-
Економија 22.02.2016 15:36
Со подобрување на вештините до ново работно место
Сите невработени до 29 години, кои имаат завршено минимум средно образование, можат да аплицираат на огласот за обуки за странски јазици и компјутерски вештини. Со мерката ќе бидат опфатени 2.000 луѓе.
-
Економија 22.02.2016 15:11
Позитивен тренд на осигурителниот пазар
Расте бројот на осигурителни компании, се зголемува и продажбата. Животното осигурување бележи двоцифрена стапка на раст, но свеста за неживотно осигурување е се уште ниска. Потребна е едукација на населението.
-
Економија 22.02.2016 13:12
Тече рокот за доставување на годишните сметки
Истекува рокот за доставување на годишните сметки за 2015-та. Даночните обврзници треба да ја завршат својата обврска до 29-ти месецов, ако се поднесува по електронски пат, последниот рок е 15 март.
-
Економија 22.02.2016 12:33
Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија ја направи пресметката за следниве две недели. Бензините од полноќ поевтинуваат за три денари.
Дизелот ќе се продава по иста цена, за половина денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, а поевтинува мазутот.
-
Економија 22.02.2016 10:18
Завршува откупот на тутунот, тутунарите постигнаа добра цена
Квалитетна реколта тутун, добра цена и стимул за рентабилно тутунопроизводство. Вака ја оценуваат ланската реколта тутун од Сојузот на тутунските здруженија. Откупот е при крај. Остануваат уште 2.000 тони што ќе се преземат до крајот на месецов.
-
Економија 22.02.2016 10:14
Нов откупно- дистрибутивен центар во Ресен
Парцелата која е дадена на јавниот оглас е наменска и на неа треба да се изгради откупно- дистрибутивен центар.
-
Економија 22.02.2016 08:23
Инвестициски самит на ЕБРД во Лондон
Политички и бизнис лидери од повеќе држави денеска во Лондон ќе учествуваат на инвестциски самит во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).










