Денес на сметките на 301.000 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 844 милиони денари.
Просечната пензија во Република Македонија во декември изнесува 13.095 денари.
Денес на сметките на 301.000 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 844 милиони денари.
Просечната пензија во Република Македонија во декември изнесува 13.095 денари.
Надворешно-трговската размена на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2015 година изнесувала 9.935.210.000 долари. Вкупната вредност на извозот е 4.123.350.000, а на увозот 5.811.860.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.
Организацијата на потрошувачи ги сумираше резултатите од 2015-та година. Најголем дел од поплаките, 13 проценти, се однесувале на проблеми со остварување на правата од гаранција за технички производи, особено за мобилните телефони.
Од речиси милион и двесте илјади предмети примени во Катастарот, само 0,2 проценти останале нерешени. Дигитализирани 99,4 проценти од територијата на Македонија. Поедноставена постапката за утврдување на меѓи, со што граѓаните заштедли 8,5 милиони евра.
Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободни од плаќањето данок на доход. За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.
46 милиони евра за изградба на шест регионални патни правци за годинава. Ќе се градат 85 километри патна мрежа. Градежната машнерија ќе биде активирана на патниот правец Кочани- Делчево, Пробиштип- Пониква, Тораница- Саса.
Откупот на тутунот се одвива непречено и на задовлство на тутунарите. Сојузот на тутунските здруженија анализира: во 18 дена од почетокот на откупната кампања деветте компании во земјава презеле 8000 тони. Постигната е просечна цена е 185 денари.
Зголемените субвенции што ги дава државата за привлекување странски туристи треба да овозможат развој на секторот.
Управата за јавни приходи ги повикува исплатувачите на персонален данок на доход да поднесат годишен извештај за 2015 година кои извршиле исплата на приходи на физички лица по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права и добивки од општ
Околу четиристотини индивидуални земјоделци кои не можеле да остварат право на старосна пензија, од годинава ќе можат да го докупат стажот што им недостига.