Италијанската градежна компанија „Кондоте“ денеска ќе ја најави својата инвестиција во Македонија.
Таа ќе инвестира преку фирмата „ИМПГ“ ДОО Скопје во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали.
Италијанската градежна компанија „Кондоте“ денеска ќе ја најави својата инвестиција во Македонија.
Таа ќе инвестира преку фирмата „ИМПГ“ ДОО Скопје во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали.
БРЏ групацијата е новиот сопственик на некогашна Порцеланка. Договорот за првата браунфилд инвестиција во Велес го потпишаа министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумов, и Санди Гојалд и Санџари Банбдари во име на инвеститорот.
Со 950 илјади евра ќе се поддржи рамномерниот регионален развој во 8 плански региони во земјава. Со парите треба да се намалат нерамноправностите и да се зголеми учеството на бизнисите во донесувањето одлуки на регионално ниво.
Проектот „Купи куќа за млади“ е во финална фаза во Собранието, доби зелено светло од матичната комисија. Усвоени се два амандмана: со првиот, проектот се прошири и за оние кои имаат полни 35 години.
За 14,6 проценти пораснал бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,5%, покажуваат податоците на Државната статистика.
Поради зголемениот увоз и помалата потрошувачка на свинско месо во зимските месеци фармерите трпат загуби. Годинава велат е најкритична и неможат да се справат со трошпците за одгледување на добитокот.
Земјоделието и понатаму ќе биде гранка во која младите, посебно од руралните средини ќе најдат свое вработување. Митко Змејковски од општина Долнени како млад регистриран земјоделец не подолго од 18 месеци, веќе ја има подготвено својата апликација.
Седумнаесет домашни компании ја подобрија конкурентноста преку проектот за индустриски менаџмент. Со инвестиција од 20 до 50.000 евра во зависност од големината на компанијата остварија заштеди до 10 проценти.
Ново поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, дизелот за еден денар.
Прекумерната понуда и слабата побарувачка, ја стабилизираа берзанската цена на суровата нафта на ниво од 34 долари за барел. Лондонската затвори со 33,84, а слично ниво од 33,27 беше забележано и во САД.