Преку проектот „Македонија вработува“ досега работа добиле над 3 илјади и 500 граѓани, информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на Штип.
-
Економија 15.07.2015 14:16
-
Економија 15.07.2015 12:28
Исплатени субвенции за млеко и отштета за поплавите во Кривогаштани
Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Средствата се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко.
-
Економија 15.07.2015 11:55
Проектот „Македонија Вработува“ во Претор
Агенцијата за вработување денеска во Претор ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија Вработува“. Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата.
-
Економија 15.07.2015 08:54
Почнува со работа фабриката на КСС во Кичево
Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС) денеска организира свеченост по повод реализацијата на инвестицискиот проект во изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево во село Србјани. -
Економија 14.07.2015 16:50
Побарувачката на државни станови не стивнува
Се враќа темпото на продажба на недвижности. И покрај политичката криза побарувачката на државни станови не стивнува. Интерес има, а крајната цена ја диктира пазарот. Станбен квадрат се движи од 795 евра до 1.100 евра во зависност од локацијата.
-
Економија 14.07.2015 16:36
Ќе продолжи исплатата на К-15
Регресот за годишен одмор, популарниот К-15, ќе продолжи да се дава и во наредниот период. Сојузот на синдикатите и Организацијата на работодавачи по двомесечни преговори постигнаа договор.
-
Економија 14.07.2015 16:18
Обешетени 1.362 преспански овоштари
Вчера заврши исплатата на обештетувањето на преспанските овоштари кои претрпеа штети од големото невреме проследено со град во јули минатата година, при што беа уништени 60% од родот на јаболка.
-
Економија 14.07.2015 12:59
Продолжува да важи правото на регрес за годишен одмор
Работниците и работодавачите си подадоа рака – општиот колективен договор за приватниот сектор останува на сила уште две години.
-
Економија 14.07.2015 12:39
Исплатени 14 милиони денари за штетите од поплавите во Босилово
Владата продолжи со надоместување на штетите од јануарските и февруарските поплави годинава. Денеска на 250 земјоделци од Босилово им се исплатени 14 милиони денари отштета.
-
Економија 14.07.2015 11:23
Синдикатот и работодавачите се договорија К- 15 да не биде задолжителен
Регресот за годишен одмор, т.н. К-15 повеќе нема да биде задолжителен- се договорија Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.
Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите.










