• Економија 14.04.2015 11:11

    Карван за проектот „Купи куќа купи стан“

    Министерството за финансии неделава ќе започне со карван за проектот „Купи куќа, купи стан“, чија цел е да ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.

  • Економија 09.04.2015 18:19

    Иванов: Граѓаните успешноста на своите влади ја мерат по бројот на странските инвестиции

    Меѓусебната соработка особено во економијата е неминовна. Во време на забрзана конкурентност, предодредено е капиталот да оди по нагорна линија, рече во обраќањето на Евроазискиот форум во Истанбул, претседателот Ѓорге Иванов.

  • Економија 09.04.2015 16:56

    Доделено 500-то решение од проектот „Купи куќа, купи стан“

    Среќа и возбуда во скопското семејство Димовски кои повеќе од една деценија талкаа  барајќи кров над главата. Парите биле најголемиот проблем за да го решат станбеното прашање. Задоволни се откако државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ им даде шанса за сигурна иднина.

  • Економија 09.04.2015 15:58

    Цените на јанешкото месо повисоки од лани

    Предвелигденскиот период ги зголеми цените на јагнешкото месо. Во Струмица килиограм  чини од 310 до 350 денари. Претходно цената се движела од 280 до 300 денари. Граѓаните велат дека овој артикл доколку им дозволи семјениот буџет ќе го има на празничната трпеза.

  • Економија 09.04.2015 14:54

    Доделено 500-то решение од проектот „Купи куќа, купи стан“

    Пред Велигден семејството Димовски од Скопје по 15 години живеење под кирија го реши станбеното прашање. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески лично им го врачи решението. Ова е 500-то решение од проектот „Купи куќа-купи стан“.

  • Економија 09.04.2015 11:35

    Тодоров: Холандски „Еренес“ ќе инвестира во Македонија

    Холандската компанија „Еренес“ ќе инвестира во Македонија. Планира вработување на 50 лица, најави синоќа министерот Тодоров од трибината на ВМРО ДПМНЕ во Виница.

    Според владејачката партија, досега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработени речиси 9 илјади луѓе.

  • Економија 09.04.2015 10:37

    Финансирање на неземјоделски дејности со ИПАРД

    Задруги, микро и мали претпријатија во руралните средини кои не се занимаваат со земјоделство можат да користат ИПАРД средства.

    Инвестициите се и за собирање на шумски плодови со договори и дозвола.

  • Економија 08.04.2015 16:53

    Сет мерки за поголема конкурентност на бизнис секторот

    Олеснување на работата на претпријатија преку намалување на трошоците, подобрување на ликвидноста, соработка на домашните со странските компании. Владата и Националниот совет за претприемништво и конкурентност го усвоија патетот мерки за поголема конкурентноста на бизнис секторот.

  • Економија 08.04.2015 16:24

    Вработувања: „Веибо“ регрутира кадри

    Најголемата текстилна фабрика Веибо Груп , кинеско-турска инвестиција која се гради во Ранковце се очекува да вработи близу 5.600 лица. Со оваа инвестиција ќе се подобри индустрискиот развој во североисточниот регион и ќе се намали невработеноста.

  • Економија 08.04.2015 16:20

    ЕЛЕМ ја активира банкарската гаранција на Рико

    Поради неисполнување на дел од обврските од договорот за проектирање и изградба на хидроцентралата „Света Петка“ во утврдениот рок, и за да ги заштити интересите државната ЕЛЕМ ја активира банкарската гаранција на главниот изведувач, словенечката компанија Рико, вредна 5,6 милиони евра.

Pages