Владата предвреме го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Отплатени се 174 милиони долари од кредитот за претпазливост што беше подигнат во 2011-та во вредност од 312 милиони долари.
-
Економија 28.02.2015 17:41
-
Економија 28.02.2015 17:09
Се менува структурата на пазарот на труд
Програмери, консултанти, архитекти, инженери- кадри со висока цена на пазарот на работна сила. Странските инвеститори ја променија структурата. Бараат совршен англиски, работа со комјутери, тимска ориентација. Им недостигаат профили од машински и технички струки, покажуваат истражувањата.
-
Економија 28.02.2015 13:33
Туризмот ќе ја раздвижи економијата во југоистокот
Југоистокот треба да понуди добро осмислена стратегија која што од регионот може да направи примамлива туристичка дестинација. Потенцијалот за развој на оваа стопанска гранка е голем, едногласни се сите вклучени во процесот.
-
Економија 28.02.2015 13:14
До април ќе се распише концесија за автопат Гостивар - Кичево
Оваа година ќе биде распишана концесија за патниот правец од Гостивар до Кичево. Очекувам тоа да се случи во текот на март или најдоцна во април, со тоа ќе го затвориме целокупниот Коридор 8 од Скопје до Охрид на ниво на автопат.
-
Економија 28.02.2015 13:09
Ставрески: Македонија предвреме го отплати долгот кон ММФ
Македонија предвреме, во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари.
-
Економија 27.02.2015 16:15
Заминуваат 535 вработени од Прилепскиот комбинат со отпремнини до 15.000 евра
Заминува првата група 100-тина вработени од прилепскиот Тутунски комбинат со отпремнини. Во пет групи до 24-ти март компанијата треба да ја напуштат 535 работници. Тие заминуваат со пакети до 15.000 евра.
-
Економија 27.02.2015 15:18
Од бакарната руда во Казандол ќе се произведуваат финални производи
За 4 години од бакарната руда во Казандол, Валандовско ќе се произведуваат финални производи, бакарни жици и кабли. Англиско украинската компанија „Сардич МЦ“ најави амбициозна инвестициска програма која предвидува вложување 250 милиони евра и изградба на рудник и неколку фабрики.
-
Економија 27.02.2015 14:25
Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица
Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски. -
Економија 27.02.2015 14:22
Инвестиција од 250 милиони евра и 250 вработувања во рудник кај Казандол
Отворање на 250 работни места и инвестиција од 25 милиони евра за една година најави новиот концесионер на рудникот за експлоатација на бакар злато и сребро на локалитетот Казандол.
-
Економија 27.02.2015 13:18
Половина милион евра за промоција на македонскиот земјоделско- прехранбен сектор
Поддршката за промоција е зголемена и изнесува половина милион евра.
Со програмата за рурален развој се обезбедуваат субвенции за настап на светските саеми за свежи производи, храна и вино за поголем извоз на нови пазари со голема куповна моќ како што се Русија, Кина, ЕУ и САД.










