Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните компании.
-
Економија 12.08.2026 15:36
-
Економија 11.08.2026 20:00
Во јуни над 113.000 туристи ја посетија Македонија, најмногу од Турција
Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 113.436 туристи, кои реализирале 221.608 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-
Економија 11.08.2026 18:39
Постигнат договор за откупните цени за „ајварката“ во Струмичко
Од утре на откупните пунктови во Струмичко ќе нема 25 денари за килограм црвени пиперки. Ајварката од мешаната прва втора класа и за преработувачите ќе се откупува по 30 денари. Ваков договор се постигна меѓу министерството, земјоделците, откупувачите и преработувачите.
-
Економија 11.08.2026 18:09
Трпение до 1-ви септември, или блокади на граница?
Професионалните превозници заглавени во правилото 90/180 влез во Шенген-зоната, односно ЕУ и натаму нема решение за нив. Освен што се изложени на санкции, дел од возачите стравуваат дека би можеле да останат без работа и транзитирање низ Шенген-зоната.
-
Економија 11.08.2026 15:28
Девизните резерви зголемени за 74,4 милиони евра
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка.
-
Економија 11.08.2026 13:22
Постигнат договор за откупните цени на ајварката
Има ли договор за откупната цена на црвената пиперка ајварка? Струмичките земјоделци наместо на нива да го берат родот, на протести, но денеска и на средба со ресорниот министер.
Известува Ване Трајков.
-
Економија 11.08.2026 13:17
Транспортерите на состанок за ограничениот престој во Шенген-зоната
Што станува со решението за престојот во Шенген-зоната? Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат правилото за престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена да не важи за професионалните возачи.
-
Економија 11.08.2026 10:58
ЕЦБ одобри траен пристап за Народната банка до ЕУРЕП
Европската централна банка ѝ одобри на Народната банка пристап до зголемената репо-линија на Евросистемот – ЕУРЕП, со максимален износ од 50 милијарди евра.
-
Економија 11.08.2026 09:54
Состанок на транспортерите за ограничен престој во Шенген зоната
Возачите на камиони од Западен Балкан-Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија денеска ќе седнат на заедничка маса за да преземат следни чекори за решавање на проблемот со ограничување на престојот во земјите од Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена.
-
Економија 10.08.2026 19:22
41 предлог-проект на конечната приоритетна листа за јавни инвестиции
Владата ја усвои првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции, која содржи 41 предлог-проект.










