Презентиран оперативниот план за вработување за 2026-та година. Ги опфаќа мерките и активностите насочени кон зголемување на вработеноста и поддршка на пазарот на трудот.
Ана Јосифоска известува од Владата.
Презентиран оперативниот план за вработување за 2026-та година. Ги опфаќа мерките и активностите насочени кон зголемување на вработеноста и поддршка на пазарот на трудот.
Ана Јосифоска известува од Владата.
Премиерот Мицкоски тврди дека во мандатот на оваа влада се отворени 17 илјади нови работи места. Тој очекува растот на БДП да се движи околу 3,5 проценти со што, според него, Македонија по растот како процент од БДП ќе биде меѓу првите три во Европа.
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.
Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027 – 2029, со изгледи до 2031 година.
Народна банка на Македонија ги повика деловните банки во најкус можен рок да се откажат од речиси двоцифреното покачување на надоместоците на платниот промет за граѓаните и бизнис-заедницата.
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата, кои ќе стапат во сила од полноќ. Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар.
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, информираат од Народната банка.
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15-ти јуни. По разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „Окта“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе почне да се применува од денеска.
Уште една неизвесна сезона за пчеларите. Пролетниот мраз направи големи штети врз багремот, кој е значаен за вкупниот принос на мед. Погледите повторно им се насочени кон временската прогноза.
Повисоки цени и отворање откупно-дистрибутивен центар за цреши. Вака побараа овоштарите од струмичко Вељуса кои го изложија производство на првата Црешијада.
Се приклучија и домаќинките кои тврдат дека црешата може да најде место и во кулинарските специјалитети.