Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи брифинг за медиуми за состојбата со енергетската криза во државата.
На брифингот ќе присуствува и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи брифинг за медиуми за состојбата со енергетската криза во државата.
На брифингот ќе присуствува и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на брифинг со новинари, ќе ги презентира програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во 2023 година.
Кој треба да го контролира намалување на цените на основните прехранбени производи во маркетите?! Надлежните си ја префрлуваат топката, граѓаните го чекаат 10-процентното ветено поевтинување, по антикризните мерки за дел од производителите.
АД ЕСМ на 08.02.2023 година произведе 21.178 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Одржана беше редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. На последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика е донесена одлука, каматната стапка да се зголеми за дополнителни 0,5 процентни поени, сега изнесува 5,25 проценти.
Според Државниот инспекторат за земјоделство монополите до почетокот на оваа недела имаат преземено 20.800 тони. Досега тутунопроизводителите добија највисока просечна откупна цена од скоро 288 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40 проценти во однос на ланската сезона.
Земјава денеска ја издаде деветтата еврообврзница. Вредна е 600 милиони евра.
Од полноќ, ново поевтинување на дизелот.Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката.
Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023 година, АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022 година, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021 година.
Надлежните сè уште испраќаат повици до компаниите да ги намалат цените на основните прехранбени производи.