Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го завршија општиот претрес по Предлог-буџетот за 2023 година. Од среда почнуваат со амандманската расправа во рамките на која треба да се разгледаат 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Економија 28.11.2022 20:31
-
Економија 28.11.2022 16:29
Досега откупени 3.000 тони тутун по просечна цена од 261 денар
Откупот на тутунот тече непречено, преземаат девет од десетте регистрирани откупувачи. Досега се преземени околу 3.000 тони по просечна цена од 261 денар, што според надлежните е највисока досега.
-
Економија 28.11.2022 16:20
Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата
Премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунел на експресниот пат Дреново-Фариш.
-
Економија 28.11.2022 14:49
Расте цената на тутунот, откупот стартува со над 30% повисока цена
Премиерот Ковачески, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп.
-
Економија 28.11.2022 13:45
Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините и дизелот
Од полноќ цените на бензините се намалуваат за 2,00 денари, дизелот поевтинува за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 28.11.2022 13:06
Доларот зајакна, пад на цени на злато и нафта
Американската валута зајакна во однос на европската. Цената на еврото падна за 0,4 насто, на 1,0355 долари.
-
Економија 28.11.2022 12:25
Бесими: Капиталните инвестиции и развојот приоритет на Владата, ЕБОР продолжува со силната поддршка за нивна реализација
Капиталните инвестиции се еден од најзначајните приоритети на Владата и тие во буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 790 милиони евра. Во реализацијата на овој приоритет Владата добива значајна поддршка од меѓународните финансиски институции.
-
Економија 28.11.2022 10:20
Договори за субвенционирана струја
Од 1.820 пријави, колку што досега стигнале до ЕСМ продажба, над илјада се верификувани. Преостанатите ќе се разгледуваат до среда, со цел од 1-ви декември сите коишто ги исполнуваат условите да добијат субвенционирана струја од 80, односно 95 евра за мегават час велат од компанијата.
-
Економија 28.11.2022 08:46
Седници на собранискиот Буџетски совет и на Комисијата за финансирање и буџет
Во Законодавниот дом за денеска закажани се седници на Комисијата за финансирање и буџет и Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија.
На дневен ред на седницата на Комисија за финансирање и буџет е Предлог буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
-
Економија 28.11.2022 07:33
Привршува пријавувањето за субвенции во рибарството
Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1-ви јули до 30-ти септември годинава имаат право на финансиска поддршка.
Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.









