Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
-
Економија 26.08.2022 17:12
-
Економија 26.08.2022 16:50
Власта прави сè што може да го заштити бизнисот од ценовниот удар, тврди Бектеши
Владата на секој начин се трудела и ќе се труди да помогне на бизнис заедницата во услови на тешка енергетска криза, порача од РЕК Битола министерот Бектеши. Околу 72.000 мали компании во државата се на регулиран пазар на електрична енергија.
-
Економија 26.08.2022 15:23
Дополнителни два денари поддршка за лозарите
Лозарите ќе добијат уште два денари плус поддршка за секој килограм откупено грозје, додаток на цената на смедеревката која ќе се дава за 13, а вранецот за 15 денари. Ова е договорено на средбата меѓу претставници на Владата, лозарите и винарниците.
-
Економија 26.08.2022 15:17
На економијата ѝ се заканува енергетско цунами
На македонската економија и се заканува енергетско цунами. Состојбите на отворениот пазар се надвор од контрола, не постои услуга или производ кој може да поднесе цена на енергентите од 600 до 700 евра по мегават час, предупреди претседателот на сојузот на стопански комори.
-
Економија 26.08.2022 11:20
Во криза не се размислува за даночни реформи
Во економска криза, не е време да се размислува за даночни реформи, велат од Занаетчиската комора на Македонија.
-
Економија 26.08.2022 07:37
Пилот мерка за субвенционирање на земјоделството
Во овоштарство за оваа година се предвидува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите.
Мерката е во согласност со политиката на Европската унија за исплата на иста сума за сите, за обработлива земјоделска површина независно од културата.
-
Економија 25.08.2022 15:02
Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена
Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена.
-
Економија 25.08.2022 14:48
Високи цени, празни паричници
Поскапувањето ги испразни паричниците на граѓаните. Цените на прехранбените производи се вивнаа до небо, а платите и пензиите останаа ниски. Со по 2 до 3 продукти, граѓаните ја завршуваат обиколката по дуќаните. Во услови на енергетска криза, велат-дополнително треба да се штеди.
-
Економија 25.08.2022 14:13
Од полноќ дизелот со нова цена, ова е одлуката на РКЕ
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година.
-
Економија 25.08.2022 13:54
Струен шок за компаниите
Од 50 илјади, сметката за електрична енергија на бизнисменот Славчо Јорданов од Неготино станала 250 илјади денари. Потрошувачката иста, сумата за пет пати поголема.










