Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка – второ читање.
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка – второ читање.
Бројот на работниците во индустријата во мај 2020 во однос на мај 2020 година, е намален за 1,3 отсто, а во првите пет месеци од годинава за 2,7 проценти.
Индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани е поголемо за 16,5 отсто, а кумулативно во првите пет месеци од 2021 во споредба со истиот период од 2020 бележи раст од шест проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ребалансот на државната каса се најде пред матичната собраниска комисија за финансирање и буџет. Десет дена ќе трае општата и амандманската расправа, а веќе се најавени 222 амандмани,од кои 153 на ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата со различни аршини за ребалансот.
Со ребалансот на Буџетот за 2021 година се обезбедува поддршка за стопанството, како и дополнителни средства за здравството, со што ќе се обезбеди заздравување и враќање на економијата на патот на економскиот раст, истакна заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски образложувајќи го ребал
Над 36 милиони евра легнале на сметките на граѓаните за две години од кога се воведе проектот Мој ДДВ, велат од Управата за јавни приходи. Само во првото тромесечје управата исплатила над 413 милиони денари.
Со заеднички напори да се вратиме на старите патеки на кои бевме и да ги подобриме перформансите во билатералната економска соработка, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешната деловна средба на македонски и хрватски бизнисмени, што се одржува во Загреб, на вториот ден од
Расправата по Ребалансот на Буџетот во Собранието ќе почне од денеска, за кога е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија се намали од 18 на 5 отсто.
Со инвестиција од 35 милиони евра и бизнис план за вработување од околу 1.200 луѓе канадската компанијата „Магна“ започна со градба на фабрика во индустриската зона „Струга“. Ќе произведува делови за автомобилската индустрија. Во првата година ќе вработи 300 лица.