Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Нема да се прогласи енергетска кризна состојба бидејќи се прават напори состојбата со електричната енергија да се нормализира.
-
Економија 26.10.2021 12:29
-
Економија 26.10.2021 09:57
Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии
Започна етапната исплата на октомвриските пензии, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.
-
Економија 25.10.2021 16:56
Вклучен и вториот блок на РЕК Битола
Во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено, информираат од Владата.
-
Економија 25.10.2021 12:37
Цената на горивата останува иста
И во наредните седум дена ќе важат досегашните цени на бензините, дизелот и екстралесното масло за домаќинство.
-
Економија 25.10.2021 10:23
АД ЕСМ распиша нов тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола
АД Електрани на Северна Македонија распиша нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од европа се прошири и во Mакедонија. Понудите ќе се отвораат на втори ноември.
-
Економија 22.10.2021 15:33
ЕСМ: Има доволно струја за домаќинствата, набавката на јаглен е за стопанството
Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.
-
Економија 22.10.2021 14:45
Се допрецизира Законот за градба
До крајот на годинава се очекува да биде готово предлог решението за новиот Закон за градење. Според министерот за транспорт Бочварски, со него ќе се скратат процедурите за градење, ќе се зголеми транспарентноста и стручноста. Ќе се стимулира просторниот и економски развој.
-
Економија 22.10.2021 14:24
Просечната плата во август 28.642 денари
Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 28.642 денари и е за 4% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 21.10.2021 17:07
Повторно ќе се распишува тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола
Девет компании се јавиле на тендерот на ЕСМ за набавка на јаглен. Доставени се пет понуди за РЕК Битола и осум за РЕК Осломеј, изјави првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.
-
Економија 21.10.2021 15:00
Годинава раст на економијата од 4,6%, инфлација од 2,4%
Раст од 4,6 насто, подобра проекција од пролетната, и стапка на инфлација од 2,4 проценти со тенденција за стабилизација до крајот на годинава, предвидува Светската Банка за македонската економија.










