Бизнисите да се приспособат на пандемијата за да напредуваат, компаниите да се однесуваат одговорно, порака на Глобалната недела на претприемништвото. Жените да се вклучат во бизнисите и на раководните места. Дигитализацијата и соработка во светот важна за растот на економиите.
-
Економија 08.11.2021 15:41
-
Економија 08.11.2021 14:08
Од три часот по полноќ РЕК Битола не произведува електрична енергија
Уште еден турбулентен ден за РЕК Битола и нашиот електроенергетски систем. Од три часот по полноќ комбинатот не произведува електрична енергија.
-
Економија 08.11.2021 12:52
Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар
Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за половина денар, екстра лесното масло за домаќинствата за еден денар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени.
-
Економија 08.11.2021 10:01
Поради дефект исклучен Блок 1 во РЕК Битола
Поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа.
-
Економија 08.11.2021 09:00
Голем раст на цените на храната на светско ниво
Цените на храната во светот во октомври, веќе трет месец по ред бележат покачување и се искачија на нов десетгодишен максимум. Причината, според Организацијата за храна на Обединети нации, е повторно растот на цените на житата и на растителните масла на светските берзи.
-
Економија 05.11.2021 15:51
Резерва на јаглен има само за наредните денови
Има 40.000 тони јаглен резерва доволна за наредните денови, РЕК Битола работи со двата блока, уверува министерот за економија Бектеши. Дневно се произведува од 3 до 5 илјади тони јаглен, а по потреба јаглен се носи и од Косово.
-
Економија 05.11.2021 13:48
ЕСМ: Одлуката за набавка на јаглен за РЕК Битола до крајот на идната недела
Сите пристигнати понуди од јавната набавка на јаглен за РЕК Битола се испратени на техничка евалуација, информираат од ЕСМ. Во соопштението посочуваат дека по економско- финансиската евалуација на понудите, ќе биде донесена одлука за избор на економски оператор.
-
Економија 05.11.2021 09:37
Маркетите им ја земаа работата на пазарите
Продавачите на зелените пазари се жалат дека секоја година прометот им се намалува. Ова се должи на сѐ поголемата понуда на овошје и зеленчук во трговските маркети кои полека го преземаат бизнисот на продажбата на земјоделските производи.
-
Економија 04.11.2021 15:09
Работодавачите се против повисока минимална плата
Во пандемија и при намалена продуктивност на компаниите, не треба да се зголемува минималната плата која треба да остане на ова ниво, сметаат работодавачите во земјава.
-
Економија 04.11.2021 14:41
Енергетска кризна состојба, но без рестрикции
Енергетска кризна состојба ќе биде прогласена во вторник, рестриктивни мерки не се предвидуваат, тврдат од Министерството за економија. Оттаму посочуваат дека во тек се консултации со институциите вклучени во енергетскиот сектор.










