1,5 милијарда денари идната година ќе бидат наменети за гасификацијата. Парите се предвидени со предлог- буџетот. Според министерот за транспорт Сугарески, изградбата на трасата низ Водно ќе продолжи. Постапено е во делот на стеснување на трасата.
-
Економија 22.11.2018 14:21
-
Економија 22.11.2018 14:06
Откупот на тутунот се интензивира, почна исплатата
Откупот на тутунот се одвива непречено, допрва ќе се интензивира, а Прилепскиот комбинат, по три дена, ја почна исплатата. Тутунарите, пак, ги почнаа калкулациите за исплатливоста. Признаваат дека квалитетот е понизок, но најбитна е реалната процена.
-
Економија 21.11.2018 17:05
Голем јаз на пазарот на труд
Бизнисот е отворен да преземе дел од вишокот во администрацијата, но чека Владата да се изјасни со каква квалификација е кадарот што ќе го понуди на стопанството.
-
Економија 21.11.2018 16:27
Пругата Битола- Кременица во завршна фаза
По 32 години запуштената пруга Битола- Кременица од нова година влегува во функција. Реконструктивниот зафат е во финална фаза. Пругата е целозно ревитализирана, а во следните недели останува да се доработи на поставување на сигнлизацијата и останатите пропратни елементи согласни со договорот.
-
Економија 21.11.2018 11:37
Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри
Владата на Република Македонија на вчерашната 104 седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 9
-
Економија 21.11.2018 10:46
Почна пријавувањето за субвенции за сливи
Фирмите и откупувачите на сливи можат да поднесуваат барања за добивање на субвенции за откупените количества од годинешниот род.
-
Економија 20.11.2018 15:30
Ќе се стимулира развојот на земјоделските задруги
Со странска финансиска и техничка помош ќе се стимулира развојот на земјоделското задругарство. Засега во земјава бројот на регистрирани задруги е мал, само 38, но сите не се активни. Реално функционираат само дваесетина.
-
Економија 20.11.2018 13:58
Просечната нето плата во септември 24.355 денари
Просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во септември 2018-та, изнесувала 24.355 денари, што претставува зголемување за 145 денари во однос на август 2018-та година.
-
Економија 20.11.2018 13:48
Неизвесна ситуацијата во прилепски „Еурокомпозит“
Ситуацијата во прилепски „Еурокомпозит“ е крајно неизвесна, велат од синдикатот на фабриката. Нема плата два месеца, а од денеска е исклучена и струјата поради заостанати неплатени долгови.
-
Економија 19.11.2018 15:36
Почна откупот на тутунот
Почна да се мери на вага годинашниов труд на тутунарите. На официјалниот старт на откупот во Прилепскиот Тутунски комбинат, производителите со очекувања и надежи.









