Тутунот и годинава ќе го откупуваат девет компании и сите имаат обезбедени пари за исплата.
Крајниот рок за отворање на пријавените 210 откупни пунктови според законот е 15 декември, а откупот треба да заврши на 28 февруари.
Тутунот и годинава ќе го откупуваат девет компании и сите имаат обезбедени пари за исплата.
Крајниот рок за отворање на пријавените 210 откупни пунктови според законот е 15 декември, а откупот треба да заврши на 28 февруари.
До крајот на годината Фондот за иновации и технолошки развој ќе објави уште два јавни повика. За кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации се наменети 6 милиони евра, додека за повик за новоформирани друштва, старт-ап и спин-оф компании 1,5 милион евра.
3.000 денари месечно за секој млад човек до 23 години кој е вработен или ќе се вработи во дејноста производство. Владата со новата мерка младински додаток ќе го потикнува вработувањето во овој сектор. Ќе се исплаќа на лицата до 23 години, по завршувањето на средното образование.
За 1,7 милијарди денари намалени се доспеаните обврски на институциите, општините, локалните установи, во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани, соопштуваат од Министерството за финансии.
Авто- лимари, плочкари, мајстори за кнауф, за трговија на мало и посебно атрактивно, за фитнес-салони, се занимањата кои се бараат на пазарот, а невработените во Прилеп ги отвораат како сопствен бизнис, барајќи ја својата иднина.
Информации за цената на струјата и споредба на понудите од активните снабдувачи на пазарот на мало ќе обезбеди првата платформа на Регулаторната комисија. Новата алатка обезбедува следење на цените, информации за периодот на траење на договорот за снабдување и фактурирањето.
Со новиот Закон за работни односи, времетраењето на догворите на определено да се ограничи на една година, работната недела да трае 38 часа, а породилното отсуство 12 месеци. Синдикатот испорача барања до Владата за унапредување на работничките права, колективно договарање.
Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија.
Наместо еден денар како лани, земјоделците ќе добијат по 2 денари за секој килограм предадено винско грозје од сортите смедеревка, вранец, кратошија, станушина, црн бургундец, жилавка и кадарка.
Понудата слаба, зимските центри не инвестираат, аерозагадувањето и отпадот рак рана, оние што еднаш ќе дојдат повторно не се враќаат во земјава.