Само 50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем за персонален данок. УЈП укажува дека остануваат уште 20-ина дена до кога треба да пристигнат уште 400 илјади пријави. Од обврската се ослободени пензионерите.
-
Економија 07.12.2018 14:45
-
Економија 07.12.2018 14:25
Сивата економија го уништува еснафот и прави штета на буџетот
Сивата економија го уништува еснафот. Од 5.000 регистрирани занаетчии во Скопје, речиси двојно е поголем бројот на оние кои работат на црно. Комората бара засилени инспекциски контроли. Штета трпи и еснафот и буџетот.
-
Економија 07.12.2018 10:56
Субвенции за купена и платена пченица
Корисници се правните лица регистрирани за преработка на земјоделски производи кои со склучен договор извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство.
-
Економија 06.12.2018 16:26
Јавна дебата за даночната реформа
Експертите, бизнисот и научната фела во Собранието ги спротивставија ставовите за даночната реформа и воведувањето прогресивен данок за оние со високи примања.
-
Економија 06.12.2018 15:50
Раст на БДП од 3% во третиот квартал од годинава
Три проценти раст на бруто- домашниот производ во третиот квартал годинава, објави Државниот завод за статистика. Извозот расте побрзо од увозот, има позитива кај финалната потрошувачка, но пад од 8,5 проценти кај бруто- инвестициите, потоа кај земјоделството и градежништвото.
-
Економија 06.12.2018 15:46
Форум за развој на туризмот
Туризмот нуди повеќе перспективи на локално, регионално и глобално ниво, поради што се проценува дека има потенцијал да биде не само профитабилна, туку и водечка економска гранка во Македонија.
-
Економија 06.12.2018 14:45
Склучени договори за кофинансирани грантови вредни 2,5 милиони евра
Потпишани се договори за доделување кофинансирани грантови за технолошко проширување. Добитниците се од повеќе сектори, како металопреработувачката, електро, прехранбената индустрија, производството на мебел.
-
Економија 06.12.2018 14:14
Анѓушев: Растот на БДП дава надеж дека ќе се достигнат бројките од нашите проекции
Растот на БДП ни дава надеж дека ќе се достигнат бројките од нашите проекции, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Посочи дека веќе се одблокирани големите градежни проекти кои ќе донесат и повисоки стапки на раст.
-
Економија 06.12.2018 13:11
Три проценти раст на БДП во третото тримесечје од годинава
Стапката на раст на бруто- домашниот производ за третото тримесечје од 2018-та година е три отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти.
-
Економија 06.12.2018 11:16
Субвенции за плати на овчарите
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височи над 700 метри сточарите имаат право на субвенционирање на платите.










