Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо ќе трае до 15-ти ноември 2018-та година. Со оваа одлука на владата се очекува зголемување на извозот на домашната индустрија за производство на преработки од месо, а ќе се зголеми и бројот на вработените.
-
Економија 16.05.2018 10:29
-
Економија 15.05.2018 13:07
И општините да повлекуваат средства од ИПАРД
И општините повеќе да користат средства од ИПАРД 2. Ова е можност, вели првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Бабамовски, земјава да се насочи кон квалитетни и конкурентни производи, а преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари.
-
Економија 15.05.2018 10:35
Од денес во оптек нови полимерни банкноти од 10 и 50 денари
Од денеска во оптек првите полимерни пари, во апоени од 10 и 50 денари, а се повлекуваат книжните 10 и 50 денарки, соопшти Централната банка.
-
Економија 15.05.2018 10:22
Неделава субвенции за тутунот
Неделава треба да почне исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта.
За парите навреме да легнат на сметката на тутунарите, Платежната агенција ќе направи контрола во монополите за откупените количества и класи, по што ќе се изготват решенијата за исплатата.
-
Економија 14.05.2018 16:19
Почна изградбата на втората делница од експресниот пат Прилеп- Градско
Сега почна, а за две години треба да биде готова втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско во должина од 16 километри. Делницата Градско- Дреново чини 23 милиони евра, пари од Европската унија.
-
Економија 14.05.2018 15:52
24- часовен приоритетен проток за извоз на жива стока
Товарните возила со жива стока, свежи производи и опасни материи наместо четири часа, во текот на целиот ден ќе бидат приоритено пропуштани да вршат извоз на граничните премини Богородица и Табановце.
-
Економија 14.05.2018 13:01
Од утре во оптек нови полимерни банкноти од 10 и 50 денари
Од утре во оптек влегуваат првите полимерни пари, во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Со почетокот на употребата на новите банкноти од оптек се повлекуваат досегашните книжни 10 и 50 денари кои нема да бидат законско средства за плаќање, соопшти Централната банка.
-
Економија 14.05.2018 12:53
Горивата поскапуваат од полноќ
Од полноќ поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензинот од 95 октани и екстралесното лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денар за литар, а дизелот за денар.
-
Економија 14.05.2018 12:13
Зголемен бројот на туристи
Бројот на туристите во Македонија во периодот јануари - март 2018 година е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
-
Економија 14.05.2018 10:24
Преговорите со Србија сѐ уште траат
До 30-ти јуни се очекува усогласување и потпишување на двата договори од областа на безбедност на храна и на фитосанитарната соработка.










