Нови европски можности за развој на македонското земјоделие. Со отворањето на јавниот повик од новата ИПАРД програма на располагање ќе им бидат ставени 80 милиони евра. Две третини ги обезбедува ЕУ.
-
Економија 02.02.2017 15:15
-
Економија 02.02.2017 13:10
Анализа за реформи во пензискиот систем
Министерството за труд и социјална политика од утре почнува сеопфатна анализа на резултатите од воспоставениот пензиски систем со трите столба. Оттаму велат дека состојбите ќе се знаат по обработката на добиените податоци од фондовите, од ПИОМ и од МАПАС.
-
Економија 01.02.2017 16:47
Откупот на тутун речиси завршен, просечната цена 195 денари
Откупот на тутунот е речиси завршен откако заклучно со вчера, 31 јануари, деветте откупувачи преземаа вкупно 20.146 тони тутун. Просечната цена е 195,25 денари по килограм. Исплатата е реализирана со 88 отсто или досега се исплатени три 3,441 милијарда денари.
-
Економија 01.02.2017 10:26
Финансирање на земјоделски компании од ИПАРД 2
Во ИПАРД 2 мерките наменети за преработувачката индистрија се за производството на млеко и млечни производи, месо и производи од месо.Тука се вклучени и производството на живина и јајца, овошје и зеленчук, мелнички и житни производи и вино.
-
Економија 31.01.2017 15:58
Младите бараат решение за проблемот со ниската вработеност
Трансферот од образовен систем на пазарот на труд го уништува сонот на младите за квалитетно работно место и платен труд. Со мало искуство и недостаток на вештини, потребен им е долг период на адаптација. А, работодавачите сакаат готов кадар.
-
Економија 31.01.2017 13:44
Третиот блок на РЕК Битола исклучен поради планиран зафат
„Електрани на Македонија“ соопшти дека денеска претпладне, поради планиран зафат, е исклучен од енергетскиот систем третиот блок на термоцентралата во Битола, но сите потреби на тарифните потрошувачи се задоволуваат целосно со електрична енергија од домашните капацитети.
-
Економија 31.01.2017 12:48
Зголемен бројот на работниците во индустријата
За 0,1 отсто е зголемен бројот на работниците во индустријата минатата година, а во декември 2016 во однос на истиот месец 2015 бележи пад од 0,9 проценти.
-
Економија 31.01.2017 10:29
Продолжена забраната за работа на „Југохром“ за дополнителни 90 дена
Уште три месеци забрана за работа на „Југохром“. Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.
-
Економија 30.01.2017 16:18
Домашната металургија бара решавање на системските проблеми
Домашната металургија не бара од државата посебен третман, ниту пак, субвенции, туку решавање на системските проблеми кои ќе овозможат нормално и континуирано работење на компаниите од овој сектор и подобрување на нивината конкурентност.
-
Економија 30.01.2017 15:27
Родовиот јаз во платите штетен за економскиот раст
За исто работно време и на исто работно место жените во просек заработуваат за 12 насто помала плата од мажите. Наместо осум часа, за да не постои јазот тие треба да си заминат од работа речиси саат време порано- говорат анализите на Институтот за економски истражувања.










