Службеници, книговодители, масер, негователи на стари лица... Агенцијата за вработување ќе спроведува обуки на лица до 29 години за побарувани занимања на пазарот на труд. 220 активни баратели на работа, може да аплицираат на повикот.
-
Економија 07.02.2017 13:12
-
Економија 07.02.2017 12:19
Во Солунското пристаниште заглавени 120.000 тони товар за Македонија
Протестите на грчките земјоделци и блокадата на граничниот премин Евзони – Богородица предизвикуваа штети за македонската економија. Освен зголемените трошоци за транспортерите, и компаниите увознички имаат проблеми.
-
Економија 07.02.2017 11:07
Дизелот и Еуросупер-95 поскапи за половина денар
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) од денеска се зголемуваат за половина денар за литар.
-
Економија 07.02.2017 10:16
Бесплатни технички проекти за откупни центри
Овоштарите и градинарите можат да добијат бесплатно техничка документација за модерен откупно- дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук.
Откупниот центар ќе може да се надградува и приспособува во зависност од потребите на земјоделците или нивните задруги.
-
Економија 06.02.2017 15:48
Поврзување на претприемачите од малите земји
Најголема пречка за развој на бизнисот во малите земји од регионот е недоволната регионална инфраструктурна поврзаност, како и фактот дека на мал пазар ретко се случува претприемачите да можат да заработат основен капитал за проширување на деловните активности.
-
Економија 06.02.2017 14:33
Од јули директен лет Скопје- Доха
Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски.
-
Економија 06.02.2017 13:12
Дизелот и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот од полноќ се зголемуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари. Цена на Еуросуперот БС-98 останува иста.
-
Економија 06.02.2017 10:12
Прилепските земјоделци во исчекување на средствата од ИПАРД 2
Прилепската фабрика за преработка на овошје и зеленчук „Бим Фуд“ двапати користела средства од Ипард програмата за набавка на машини. Парите се 50 насто неповратни, има процедури, но може да се исполнат условите. Во очекување се на новиот оглас за средства од ИПАРД 2 програмата.
-
Економија 06.02.2017 09:44
ИПАРД: Инвестиции во градинарство
За изградба и модернизација на оранжерии, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.
-
Економија 03.02.2017 16:08
Се очекува благ пад на цените на недвижностите
Стан од 225 квадратни метри во Општина Центар е продаден за 425.000 евра – ова е највредната продажбата евидентирана во 2016 година во регистарот на цени и закупи на Катастарот. Најевтино е продаден стан во Штип, 72 квадрата за 2.000 евра.










