Падот на стапката на невработеност дава сила и мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување на инвеститори кои отвораат нови работни места, напиша премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
Вести
-
Македонија 11.12.2015 15:29
-
Македонија 11.12.2015 14:54
Директните средби даваат резултат, наскоро Кол центар за комуникација со земјоделците
Акциониот план за директни средби со земјоделците, што се реализира од август дава резултати. Заменик министерот за земјоделство Костадиновски информира дека досега се посетени повеќе од 200 населени места. За две недели треба да профункционира и кол центарот.
-
Свет 11.12.2015 14:46
Сирија: 60 жртви во напад на Христијански центар
60 луѓе загинале, а 80 се ранети во експлозии на три бомби поставени на автомобили во градот Тел Тамер во кој живеат асирски христијани.
-
Македонија 11.12.2015 14:41
Обезбедување одржливост на програмите за ХИВ
Програмите со кои им се помага на ХИВ позитивните и луѓето во ризик, постои можност да бидат прекинати за една година. Глобалниот фонд кој 12 години даваше пари на граѓанските организации ја напушта земјава.
-
Економија 11.12.2015 14:33
Избрани 17 проекти на вториот повик на Фондот за иновации
Седумнаесет проекти се избрани за финансирање со вториот повик на Фондот за иновации. Со 277 илјади евра ќе се поддржат 10 старт- ап и спин- оф претпријатија. За преостанатите 7 предлог проекти се обезбедени 600 илјади евра за комерцијализација на иновациите.
-
Свет 11.12.2015 14:18
ФБИ: ИД изработува автентични сириски пасоши
Џихадистите на Исламска држава заплениле барем една софистицирана машина за изработка на автенчини сириски пасоши и многу празни примероци, предупреди директорот на ФБИ, Џејмс Коми.
Фалсификуваните пасоши на џихадистите им овозможуваат да ги преминат границите како бегалци од Сирија.
-
Економија 11.12.2015 14:16
Промовиран Кластерот за туризам на тиквешкиот регион
Максимално искористување на потенцијалите со кои располага тиквешкиот регион за развој на туризмот и локалната економија е целта на новоформираниот Кластер за туризам што беше промовиран денеска во винаријата „Стоби“.
-
Свет 11.12.2015 13:59
Одложено донесувањето на договорот за климата
Претставувањето на конечниот нацрт-договор на Конференцијата на Обединетите Нации за климата, што се одржува во Париз, се одложува за утре.
-
Македонија 11.12.2015 13:53
Околу 10 милиони евра помош од ЕУ за поплавите
Европската унија со финансиска поддршка за санирање на штетите од поплавите во Македонија, во износ од 9,8 милиони евра. Парите ќе се исплатат во две транши. Потпишан е договорот во Секретаријатот за европски прашања.
-
Македонија 11.12.2015 13:44
Магла на Попова Шапка, видливост од 30 до 50 метри
Магла со видливост од 30 до 50 метри има на Попова Шапка, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.










