Пациентите со заболувања на мускулите и коските добиваат најсовремен третман во поликлиниката „Букурешт“. Во функција е ставена новата апратура за физикална терапија вредна 4 милиони денари. Годишно, за оваа потреба, околу 11 илјади пациенти доаѓаат само во оваа поликлиника.
Вести
-
Македонија 09.12.2015 16:37
-
Економија 09.12.2015 16:28
Странските инвеститори со потврда за добрата бизнис клима
Македонската економија е на вистинскиот пат и се движи со солиден чекор, оценуваат од Советот на странски инвеститори. Има добра бизнис клима и за странските инвеститори и за домашниот приватен сектор. Од Советот велат дека во наредниот период политичката состојба може да има влијание.
-
Македонија 09.12.2015 16:17
Личните карти за кои се води истрага не биле употребени за изборни цели
Личните карти за кои се води истрага не се употребени за изборни цели- тврди заменикот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Според него, со начинот на кој бил отворен случајот и понатамошните изјави се покажало дека тоа е само за дневно- политички цели.
-
Македонија 09.12.2015 15:51
Кампања против употребата на пиротехнички средства за време на празниците
Отсечени прсти, оштетен вид- најчести повреди од употреба на петарди. Почна кампањата која треба да ја промени оваа слика. Учениците велат дека се свесни за последиците.
-
Свет 09.12.2015 15:44
Меркел- личност на годината според магазинот „Тајм“
Магазинот „Тајм“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел, „жената која ја менаџираше должничка криза и предизвика многу контроверзи со отворање на границите на Германија за бегалците“, е избрана за личност на годината.
-
Свет 09.12.2015 15:38
Турските власти со контра мерки против руските новинари
Турските власти со контра мерки против официјална Москва. Воведоа нови правила за издавање дозволи за руските новинари на турска територија.
-
Македонија 09.12.2015 15:19
Груевски на 14-ти, Ставрески на 17-ти декември пред Анкетната комисија
Со писмени известувања до Анкетната комисија за прислушувањето, премиерот Груевски и министерот за финансии Ставрески ги информираа членовите дека се подготвени да дадат изјави и да бидат сослушани на 14-ти, односно на 17-ти декември.
-
Свет 09.12.2015 15:12
Медведев: Соборувањето на СУ-24 беше основа за војна, но Русија се воздржа
Рускиот премиер Дмитриј Медведев рекол дека соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на турските воздушни сили бил доволна причина за војна, но Москва решила да не примени симетричен одговор.
-
Македонија 09.12.2015 15:08
Метео: Утре претежно облачно со умерен северен ветер
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со умерен северен ветер особено долж Повардарието.
Во ноќните часови во западните делови повремено ќе провејува слаб снег.
Ветерот ќе предизвика повлекување на маглата.
-
Македонија 09.12.2015 15:07
Нова опрема за физикална терапија во поликлиниката „Букурешт“
Поликлиниката „Букурешт“ доби комплетно нова опрема за физикална терапија вредна четири милиони денари. Досегашната опрема во најголем дел била дотраена.










