Лидерите на четирите најголеми политички партии денеска треба да одржат нова средба на која што ќе се разговара за исполнување на Јунско-јулскиот договор.
Тие треба да разговараат за изборот на тројцата експерти во ДИК како и за медиумските реформи.
Лидерите на четирите најголеми политички партии денеска треба да одржат нова средба на која што ќе се разговара за исполнување на Јунско-јулскиот договор.
Тие треба да разговараат за изборот на тројцата експерти во ДИК како и за медиумските реформи.
Воздухот и денеска загаден во Тетово, Скопје, Битола и Кавадарци. Концентрациите на ПМ10 измерени во текот на ноќта на мерните станици во овие градови се движат од 264 до 996 микрограми на метар кубен.
Туристичките агенции работат со полна пареа. Нудат понуди за пречек на новогодишните празници за сечиј вкус. На планина, во европска метропола, па и егзотични дестинации. Сепак, поголем дел од граѓаните се уште не решиле каде ќе ја минат новогодишната ноќ.
Членови на синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ги повикаа надлежните институции да не вршат упис на новиот претседателски мандат на Пецо Грујовски затоа што според нив реизборот бил нелегитимен.
„Со години работиме и студираме во лоши услови, заслужуваме подобро. Ние сме дел од УКИМ и нашето местo e овде“- став на студенти, професори и декани на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. На универзитетскиот кампус засадија 150 садници.
Дваесет години затвор доби Миле Хаџиски, убиецот на Мери Јошевска од скопски Аеродром. 40 пати ја избоде со нож до смрт пред две децении, ја лиши од право на избор на живот, а тој си го живеел животот според сопствените желби, изјави судечкиот судија, образложувајќи ја пресудата.
Лицата од социјалните категории и децата без родителска грижа кои што се станбено необезбедени ќе можат да конкурираат за 18 социјални станови кои државата ги гради во Ресен. Министертсвото за транспорт и врски го објави огласот кој ќе трае еден месец.
По 30 години работа во старите и дотраени бараки на Детската клиника во Козле, лекарите ќе им даваат здравствена грижа на децата во нова и модерна болница. Велат засега најдобра во Југоисточна Европа. Во бараките немало услови за работа, ниту за лекарите, ниту за престој на децата.