Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра, со што истата успешно се реализираше.
Вести
-
Економија 01.12.2015 14:19
-
Македонија 01.12.2015 14:11
ЕК: Ние поддржуваме слобода на медиумите
За Брисел „слободата на медиумите е најважна“ – ваква реакција стигна од Европската унија по изјавата за медиумите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-
Економија 01.12.2015 13:50
Договор за реализација на инвестицијата на Монтанте груп во Бунарџик
Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан договор со италијанската Монтанте груп за реализација на инвестицијата од 10 милиони евра во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик.
-
Македонија 01.12.2015 13:42
МОН: Конкурс за стипендии за млади истражувачи за студиски престој во Велика Британија
Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 6 стипендии за млади истражувачи од Република Македонија, за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научно - истражувачки институции во Велика Британија, за 2016 година.
-
Свет 01.12.2015 13:32
Пекинг се гуши во смог
Пекинг се гуши во смог – нивото на загадување е 35 пати поголемо од максимално дозволеното според СЗО.
Училиштата имаат наредба да не ги пуштаат учениците надвор, фабриките да го прекинат производството, а камионите да се тргнат од патиштата.
-
Свет 01.12.2015 13:27
Уапсени четворица косовски исламисти
Четири луѓе со потелко од Косово се приведени во антитерористичка акција на италијанската и косовската полиција. Според италијански медиуми, тројца се приведени во Италија, а четвртиот кој се смета за шеф на групата е уапсен во Косово.
-
Култура 01.12.2015 13:18
Доделени уште шест нови национални пензии
Врачени се шест нови национални пензии на поединци што придонеле за развојот на македонската култура. Максималниот износ е 35.000 денари, а се надополнува на износот на нивната пензија.
-
Свет 01.12.2015 13:12
Германија праќа воена поддршка во Сирија
Германската влада поддржа праќање воена поддршка во борбата против Исламска Држава во Сирија. Разузнавачки авиони Торнадо, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот, но нема да се вклучуваат во борбите.
-
Свет 01.12.2015 13:09
Давутоглу бара смирување, Русија не попушта
Турскиот премиер Давутоглу повторно се обрати до Москва да ги рестартираат односите меѓу двете земји. Сепак, порача, не може да се прикрие нарушувањето на турскиот воздушен простор со неосновани обвинувања против Турција.
-
Економија 01.12.2015 13:04
МФ: Со спречување на аукцијата единствено што ќе се постигнеше е неисплаќање на плати и пензии
Со денешната аукција на државни записи не се задолжуваат граѓаните со „нови“ 100 милиони евра. Ова тврдење на опозициската партија СДСМ е неточно и очигледно со интенција за политичко поентирање, реагира Министерството за финансии.










