Нова седница на Анкетната комисија за прислушувањето. Пратеничките групи треба да достават предлог-програма за работа и листа со тројца сведоци. Три прашања од по пет минути и исто толку време за одговор, стои во Деловникот.
Вести
-
Македонија 03.12.2015 10:38
-
Македонија 03.12.2015 10:37
Собранието ќе ја продолжи расправата за Извештајот на ЕК за Македонија
Во Собранието, пратениците треба да ја продолжат дебатата за последниот извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија. И годинава комисијата ја продолжи препораката за старт на преговорите за членство во Европската унија, но под услов да се исполни договорот од Пржино.
-
Економија 03.12.2015 10:33
МФ врати 57 милиони евра во стопанството по основ доспеани ДХВ
Министерството за финансии денеска исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност.
До 6 декември по овој основ ке бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра).
-
Македонија 03.12.2015 10:23
Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Белград
Шефот на македонската дипломатијата Никола Попоски учествува на редовниот Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во Белград. Учеството го потвдија претставници на околу 70 држави и 46 министри за надворешни работи кои ќе разговараат за тероризмот и за миграциската криза.
-
Економија 03.12.2015 10:20
Нов оглас за закуп на Џумајлија
Покрај површините на Џумајлија во Свети Николе од 3.300 хектари, на огласот се понудени и помали парцели во Струмица, Ресен и во Струга.
-
Свет 03.12.2015 10:10
Масакр во Калифорнија: 14 загинати, 17 повредени во нападот во Сан Бернардино
14 загинати и 17 повредени е билансот од инцидентот во јужниот калифорниски град Сан Бернардино, откако тројца вооружени напаѓачи отвориле оган за време на прославата во Центарот за лица со посебни потреби.
-
Свет 02.12.2015 17:28
Уапсени две лица поради терористичкиот напад во Париз
Белгиската полиција уапси за распит уште две лица поради терористичкиот напад во Париз, но против нив не е покренато обвинение.
-
Економија 02.12.2015 17:05
Експерти: Банките сами решаваат за работењето
Не би требало преку механизми на таканаречени контроли, блокади или вета да се спречува реализирање на тековни обврски предвидени во Буџетот- смета академик Абдулменаф Беџети. Според него, пензионерите се изманипулирани и не треба да се плашат.
-
Економија 02.12.2015 16:38
Повисоки субвенции за повеќе странски гости во земјава
И во зимската сеозна туроператорите да се активираат, да ги искористат за два ипол пати зголемените субвенции за странски туристи. Наместо 25, 65 евра ќе добиваат за донесени гости од Израел, Франција, Шпанија, Италија.
-
Македонија 02.12.2015 16:26
Македонија пошумена со три милиони дрвца на повеќе од 100 локации
Аризонски чемперс, багрем, јасен од рано наутро масовно се садеше низ цела Македонија. Акцијата ги крена на нозе граѓаните, политичарите, музичарите и уметниците. Се садеше на оголените, ерозивни или од пожар уништени ридови, а се садеше и покрај езерата и густите градски населби .










