Царинската управа откри фабрика за целосно производство на фалсификувани спортски обувки од познати брендови.
Вести
-
Македонија 20.11.2015 13:58
-
Македонија 20.11.2015 13:53
Изработена првата педолошка карта
Македонскиот почвен информациски систем ја доби првата педолошка карта. Министерството за земјоделство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на ОН – ФАО ја изработи оваа карта во печатена и дигитална верзија.
-
Економија 20.11.2015 13:47
Поповолна состојба во преработувачката индустрија
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври годинава е за 0,8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на октомври лани е зголемен за седум проценти.
-
Македонија 20.11.2015 13:04
МВР: Состојбата на границите е стабилна, од Табановце за 24 часа транзитирале 2.715 мигранти
Изминативе 24 часа состојбата на северната и јужната граница е стабилна и мирна, информираат од МВР. Во прифатниот центар Табановце пристигнати и заминати се 2.715 мигранти. Во моментов таму се стационирани 280 лица.
-
Македонија 20.11.2015 12:58
Доналд Туск в недела во Македонија, мигрантската криза во фокусот
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск викендов ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија- потврди официјален Брисел. Сепак од прес-службата на Европскиот совет сеуште нема детали за разговорите со државниот врв на овие балкански држави.
-
Свет 20.11.2015 12:49
Франција: Пронајдено трето тело од станот во Сен Дени
Уште едно тело, овој пат на жена е пронајдено во станот во париското предградие Сен Дени во коешто полицијата спроведе рација по минатонеделните терористички напади.
-
Свет 20.11.2015 12:36
Најмалку три жртви во заложничка драма во Мали
Неколку тешко вооружени џихадисти извршија напад врз луксузниот хотел „Радисон Блу“ во центарот на главниот град на Мали, Бамако, при што според последните информации убиле три лица, а 170 држат како заложници.
-
Свет 20.11.2015 12:02
Грчкиот парламент ги одобри новите мерки за штедење
Парламентот на Грција ја одобри новата програма за штедење. За поддршка на пакетот гласаа 153 пратеници од владејачката коалиција, против беа 137 пратеници, а 10 воздржани.
-
Свет 20.11.2015 12:00
Безбедносните сили на Кина убиле 28 терористи
Кинеските безбедносни сили убиле 28 членови на терористичка група во муслиманскиот регион Синџијанг.
Групата го извела смртоносниот напад на рудникот за јаглен во Акса во организација на надворешни терористи при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои 5 полицајци, а 18-мина беа ранети.
-
Македонија 20.11.2015 11:10
ФЗОМ: Преку кол центарот за хронично болни, контактирани 10.000 осигуреници
Тимовите на кол центарот за комуникација со хронично болните пациенти во рамки на Фондот за здравство, за еден месец контактирале 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531.










