Вести

  • Македонија 28.09.2015 10:11

    Обединети нации: Усвоени 17 развојни цели до 2030-та

    Свет без сиромаштија и глад, пристојна работа, добро здравје, квалитетно образование, намалување на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните земји во светот, ова се дел од новите одржливи развојни цели што беа усвоени на генералната дебата во Обединетите нации.

  • Македонија 28.09.2015 10:03

    Откупот на винско грозје во полн ек

    Годинава грозјето е квалитетно и со висока шеќерност, како резултат на поволните временски услови. Винарските визби очекуваат да произведат квалитетни и врвни вина.

    Откупните цени во првата половина на септември се главно на ниво на ланските.

  • Економија 27.09.2015 14:43

    Пензиите и социјалната помош ќе се зголемуваат

    На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош.
     
  • Македонија 27.09.2015 12:45

    Премиерот Груевски му врачи орден на РМ на претседателот Џорџ Буш

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, вчера на гала вечерата на организацијата Македонија 2025, му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
     
  • Економија 26.09.2015 11:27

    Поволностите за инвестирање во Македонија презентирани на бизнис форум во Колумбус

    Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше поволностите што ги нуди Македонија за привлекување странски инвестиции и за отворање нови работни места пред бизнисмени од повеќе сектори на бизнис форум во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо во САД.
  • Свет 25.09.2015 17:38

    Хрватска ја прекина блокадата на граничните премини

    Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, соопшти дека Владата одлучи да ја прекине блокадата на граничните премини Бајаково и Товарник.

  • Македонија 25.09.2015 17:16

    Средба Иванов- Ердоган во Истанбул

    Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Република Турција, каде во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, соопштија од Кабинетот на претседателот.

  • Македонија 25.09.2015 17:05

    Инвестициите во земјоделството продолжуваат, помош во откупот на пиперките

    Константна помош на земјоделците со годишни преку 140 милиони евра, намалена камата од 3 на 2 насто на кредитите од Македонска банка за поддршка на развојот и помош при откупот на пиперките, им вети заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски на производителите од кривогаштанско на сре

  • Македонија 25.09.2015 16:57

    Засилени мерки за поголема безбедност во сообраќајот

    И покрај низата кампањи за безбеден сообраќај, некои учесници забораваат на правилата и на прописите. Се вози во пијана состојба, без возачка дозвола, а се занемаруваат семафорите и сообраќајните знаци.  На патиштата секојдневно по неколку несреќи.

  • Македонија 25.09.2015 16:51

    Македонските камионџии и натаму заглавени

    Се придвижи колоната товарни возила на Хрватско- српската граница. Зелено светло само за камионите кои не носат стока товарена или поврзана со Хрватска. Стотина македонски превозници сеуште во неизвесност стојат заглавени на паркинг плацевите. Не им ги земаат документите.

Pages