Започна со работа првиот бизнис симулатор во земјата и регионот. Симулаторот треба да им овозможи на студентите активно да искусат реална бизнис околина преку професионално усовршување директно поставување на конкретна позиција,преку улога во симулиран бизнис процес.
Вести
-
Економија 01.10.2015 16:38
-
Економија 01.10.2015 16:32
Се подобрува патната инфраструктура, ќе се гради патот Ранковце – Крива Паланка
Со 83 милиони евра од Светска Банка ќе се гради патот Ранковце – Крива Паланка и ќе се подобрува патната инфраструктура во земјава. Бордот на директори и одобри заем на Mакедонија. Градежните работи ќе траат 3 години, а патот треба да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019-та година.
-
Македонија 01.10.2015 16:27
Учениците од „Арсени Јовков“ на домашно лекување, полицијата го истражува случајот
Иритација на очите и грлото, без посериозни компликации, предизвикала распрсканата материја во холот на економското училиште „Арсени Јовков“. Сите ученици и професори кои беа хоспитализирани на Токсикологија и во Градската болница се пуштени на домашно лекување.
-
Македонија 01.10.2015 15:45
Метео: Сончево и потопло време
Утре и во текот на викендот Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса која што ќе ни донесе сончево и потопло време со мала облачност и повисоки дневни температури кои во недела на места ќе бидат близу триесетиот степен.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Економија 01.10.2015 15:38
Ставрески: 83 милиони евра од Светска банка, ќе се гради Крива Паланка – Ранковце
Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Росоман. -
Македонија 01.10.2015 15:24
Битолскиот универзитет доби нов ректор
Понуда на атрактивни студиски програми кои ќе бидат комбинација од препознатливи професии, но и антиципирање на нови кои се неопходни во една ера на брз техничко- технолошки развој. Флексибилен и динамичен образовен процес.
-
Македонија 01.10.2015 15:16
Ципрас и Кери разговараа за спорот со името
Грчкиот премиер Ципрас и американскиот државен секретар Кери разговарале за наметнатиот спор со името. Ципрас ги повторил познатите грчки црвени линии, сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
-
Македонија 01.10.2015 15:09
Македонската зимница и органските производи во фокус на „Агрофуд“
Органски производи и македонска традиционална зимница произведени по пропишани стандарди во фокус на „Агрофуд“. Македонија има потенцијал за квалитетно и конкурентно замјоделско поизводство, непходна е примена на напредни технологии и воведување повисоки стандарди.
-
Македонија 01.10.2015 14:47
Царинската управа ја продолжува акцијата за контрола на употреба на бандероли за акцизни стоки
На 29 и 30 септември 2015 година, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршија контрола на повеќе зелени пазари, малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола,
-
Македонија 01.10.2015 14:32
Кривични пријави за четири лица, странски производи извезувале како домшани
Зеленлук и овошје кои не биле со потекло од нашата земја се извезувале на рускиот пазар како македонски производи за што две службенички од Стопанската комора, еден од Земјоделскиот иснепкторат и вработена во приватната фирма „Таурус Фарм“ добија кривични пријави.










