Целосно е изгаснат големиот пожар кај Велес. Информацијата ја потврдија доцна синоќа од територијалната противпожарна единица.
Опожарена е површина од 250 хектари. Од нив, 50 хектари се борова шума, додека преостанатите 200 се нискостеблеста деградирана шума.










