Вести

  • Македонија 14.04.2015 14:09

    Метео

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

    Повисоки температури повторно може да очекуваме во четврток со тенденција за понатамошен пораст во наредните денови.

  • Економија 14.04.2015 14:07

    Бизнис директориум за поголема соработка меѓу домашните и странските компании

    Бизнис директориум со поддршка и поврзаност на 64 домашни компании промовира денеска Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

  • Македонија 14.04.2015 14:00

    Клиничка патека за пациентите со малигни заболувања

    Се скратува времето на чекање за пациентите со малигни заболувања. Преку таканаречената „Национална клиничка патека“ ќе се утврдуваат роковите за прегледи.

  • Свет 14.04.2015 12:46

    Обемот на светските девизни резерви се намалува

    Доларот лани ја зајакна позицијата на доминантна светска валута. Анализите на ММФ, говорат дека уделот на доларот во светските резерви се зголемил до петгодишен максимум и достигнал 63%, додека учеството на еврото паднало на само 22%, односно   минимумот забележан во 2002 година.

  • Економија 14.04.2015 12:41

    Техникал текстил ја почнува инвестицијата во Штип

    Претставници на компанијата Техникал текстил денеска ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски по што ќе го потпишат договорот за својата инвестиција од 12 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона - Штип.
     
  • Македонија 14.04.2015 12:33

    Откриени 15 сириски мигранти

    Уште еден случај на криумчарење мигранти од Блискиот Исток. При рутинска контрола на клучката од автопатот Штип-Велес, полицијата во шлепер открила 15 Сиријци.

    Во моментов тие се на распит во полицијата. Осомничен е возачот на камионот.

  • Македонија 14.04.2015 12:26

    Одложен судскиот процес за дедо Љубе

    Се одложува судењето на дедо Љубе, откако неговите адвокати денеска во кумановскиот суд, побараа да се повтори исрагата за да се утврди што точно се случило пред две години, кога тој и неговата сопруга беа нападнати во нивниот дом. 

  • Македонија 14.04.2015 11:58

    Ново архитектонско решение за центарот на Струга

    Петнаесеттина студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа до крајот на овој месец ќе работат на новото решение за струшкиот плоштад и на центарот на градот.

  • Свет 14.04.2015 11:18

    Атина: Банкрот ако до крајот на април нема договор со кредиторите

    Весникот „Фајненшл Тајмс“ објави дека Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.

  • Свет 14.04.2015 11:15

    Сибир: 26 жртви во пожарите

    Во пожарите што минатата ноќ ги зафатија населените делови на Сибир загинаа 26 луѓе, а речиси 1.000 побарале лекарска помош. Вкупно 77 луѓе завршиле во болница, а осуммина од нив се во критична состојба.

Pages