Вести
-
Македонија 28.10.2014 08:41
АРМ ќе добие донација од Турција
Армијата на Република Македонија денеска ќе добие донација од Република Турција. На свеченоста која во кругот на Министерството за одбрана ќе биде организирана по повод примопредавањето на донацијата ќе се обрати ресорниот министер Зоран Јолевски. -
Економија 28.10.2014 08:38
На аеродромот „Александар Велики“ ќе слета милионитиот патник
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за денеска е најавен пречек на милионитиот патник. -
Македонија 28.10.2014 08:30
Законот за еднакви можности на жените и мажите пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 19-та седница. -
Свет 27.10.2014 19:41
Ќустендил - Блокиран патниот правец кон Македонија
Во Ќустендил демонстранти повторно го блокираа патниот правец кон Македонија против назначувањето на Бат Сали од партијата на етничките Турци како пратеник од нивната единица иако освоил незначителен број гласови на парламентарните избори.
-
Економија 27.10.2014 19:37
Владата ќе го субвенционира отворањето на специјализирани продавници за вино
Освен на полиците во маркетите, граѓаните, но и туристите ќе купуваат македонско вино од специјализирани продавници. Владата преку оглас бара заинтересирани кои сакаат да отворат ваков бизнис.
-
Економија 27.10.2014 19:24
„Ронтис“ со нова пракса на доближување до работниците
Елизабета Јовановска е една од стотината жени кои денеска беа на интервју за вработување кое фабриката за медицинска помагала „Ронтис“ го организираше во Граѓанскиот сервис на општина Чашка. Оваа мајка на две малолетни деца се надева дека среќата овој пат ќе и се насмевне.
-
Македонија 27.10.2014 19:15
Струшките училишта без дрва за греење
Оваа година нафта за струшките училишта има, проблем се дрвата. Дел од училиштата во Струга се греат на дрва а за да биде проблемот уште поголем, тоа се училишта каде учат најмладите од 1 до 4-то одделение.
-
Свет 27.10.2014 18:32
Почнаа преговорите за коалициска влада на партиите на Порошенко и Јацењук
Двете партии што освоија најголем број гласови на украинските избори, блокот на претседателот Порошенко и Народен фронт на премиерот Јацењук ги почнаа преговорите за коалициска влада.
-
Свет 27.10.2014 18:29
Во голема антикорупциска акција на шпанската полиција уапсени 59 функционери
Во голема антикорупциска акција уапсени се 59 функционери во Шпанија, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на владејачката Народна партија за Мадрид.
-
Македонија 27.10.2014 18:24
Метео
Утре нé очекува слична временска состојба на денешната. Преку ден сончево со мала облачност и малку потопло, со слаб до умерен ветер од променлив правец.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска.








