Грчкиот амбасадор во Шајцарија е мета на критика на дел од грчките медиуми поради неговата интервенција за повлекување на грчките филмови од фестивалот во Лугано, јавува дописникот на МРТ од Атина.
Вести
-
Македонија 27.10.2014 16:07
-
Економија 27.10.2014 15:44
Истекува рокот за воведување фискални каси со ГПРС
Компаниите со годишен промет од над 10 милиони денари, угостителите и бензинските пумпи имаат сè помалку време да воведат ГПРС фискални каси.
-
Свет 27.10.2014 15:39
Над 130 луѓе затруени со пестициди во Иран
Повеќе од 130 луѓе меѓунив и деца се затруени во југоисточниот дел на Иран, откако работник кој работел во приватна фирма фрлил пестициди во канал.
Гувернерот на провинцијата изјавил дека пестицидите во допир со водата предизвикале реакција. Работникот е уапсен.
-
Свет 27.10.2014 15:37
Снегот предизвика хаос во Бугарија
Снегот предизвика хаос во централниот дел на Бугарија. Снежната покривка предизвика метеж во сообраќајот, неколку села немаат комуникација и се без струја. На повисоките делови има одрони , при што е прогласена вонредна состојба.
На истокот од земјата дождот се уште создава проблеми.
-
Економија 27.10.2014 15:28
Расте јавниот долг на Хрватска
Расте јавниот долг на Хрватска. Според најновите податоци на Евростат во јуни тој изнесувал 252, 8 милијарди куни односно 77 насто од БДП. Од Евростат соопштуваат дека покрај јавниот долг загрижува динамиката на растот како и немање стратегија за фискалните мерки за понатамошното задолжување.
-
Свет 27.10.2014 15:26
Аеродромот Чанги во Сингапур- најдобар на светот
Аеродромот Чанги во Сингапур, повторно е прогласен за најдобар во светот. Ранглистата на „Скајтракс“ е креирана според мислењето на повеќе од 12 милиони патници, а биле вклучени вкупно 440 аеродроми.
-
Свет 27.10.2014 15:17
„Алиталија“ отпушта речиси 1.000 работници
Најголемата италијанска авиокомпанија „Алиталија“ планира да отпушти 994 работници. Најмногу прекубројни, 879 членови се административци, но ќе заминат и 61 пилот и 54 стјуардеси. -
Македонија 27.10.2014 15:11
Измамници продавале дозволи за транспорт за 10 илјади евра
МВР поднесе кривична пријава до Oсновното јавно обвинителство во Скопје против 6 лица инволвирани во криминал поврзан со транспортни дозволи. Судијата веќе одреди притвор во траење од 8 дена за тројца, додека остатокот од групата е во бегство.
-
Свет 27.10.2014 15:07
Демонстрант го нападна Дејвид Камерон
Британскиот премиер Дејвид Камерон беше нападнат од демонстрант во Лидс, јави телевизијата Ајтиви.
-
Македонија 27.10.2014 14:54
Македонија доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот
За успешно промовирање на македонскиот туристички производ, Агенцијата за промоција на поддршка на туризмот доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот на Интернационалната туристичка берза Winter & Spa туризам во Нови Сад.










