Шест поранешни детски одморалишта ќе прераснат во нови туристички атракции. Државата преку оглас бара инвеститори кои ќе ги заживеат овие запуштени објекти. Ќе треба да развијат бизнис и да отворат нови работни места.
Вести
-
Македонија 20.10.2014 16:15
-
Македонија 20.10.2014 16:11
Благајничка присвоила 70.000 евра од партиципацијата на пациентите
Уапсена 51–годишна благајничка на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза. Проневерила 70 илјади евра. Финансиската полиција ја уапсила по добиената дојава од менаџментот на Институтот дека се сомневаат во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите.
-
Свет 20.10.2014 16:02
Една победа против еболата – Нигерија се симнува од листата на загрозени земји
Извојувана е една победа во борбата против еболата. Нигерија се симнува од листата на загрозени земји. Светската здравствена организација потврди дека шест недели не се појавил нов случај, иако постоеше голема опасност од бран заразени бегалци преку границата.
-
Економија 20.10.2014 15:59
Австриските бизнисмени заинтересирани за инфраструктурата и градежниот сектор
Австриските компании се насочуваат кон Македонија. Заинтересирани се за големите инфраструктурни проекти на Владата поддржани од меѓународни финансиски институции. Најатрактивни се инфраструктурата и градежниот сектор.
-
Економија 20.10.2014 15:28
Поблиска соработка на Македонија и Турција на пазарот на хартии од вредност
Јакне соработката меѓу Македонија и Турција на полето на пазарот со хартии од вредност. Првиот човек на турската комисија во прва посета на земјава. Ги сподели искуствата на Истанбулската берза кои ќе му бидат од корист на домашниот пазар.
-
Македонија 20.10.2014 15:11
Пет месеци пред планираното, заврши рехабилитацијата на мостот „Гемиџии“
Мостот „Гемиџии“ во Велес е комплетно рехабилитиран. По седум месеци интензивно работење зајакната е конструкцијата на мостот, коловозната плоча, пешачката патека. 34 милиони денари го чинеше ЈП за Државни патишта целокупната санација.
-
Македонија 20.10.2014 15:04
Јолевски: Македонските војници придонесуваат во многу мировни мисии
Поголем придонес во мировните мисии на светската организација, бидејќи регионот има високо квалификувани и добро подготвени војници и офицери. Едно од барањата на конференцијата во Белград. Македонија може да се пофали со големо искуство на ова поле.
-
Македонија 20.10.2014 15:00
Метео
Сончевото и топло време продолжува и утре.Во утринските часови ќе биде постудено со слаба магла по одделни котлини,во текот на денот температурата се очекува да достигне до максимални 26 степени.Какво време не очекува од среда?
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 20.10.2014 14:57
Анкета на ЦИА: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со најголема доверба
Најнова анкета на Центарот за истражување и анализа. Во која политичка партија имате најголема доверба и би го дале својот глас? На ова прашање во анкетата на ЦИА над 28 % од испитаниците својот глас го дале за владеачката ВМРО –ДПМНЕ со коалициските партнери.
-
Македонија 20.10.2014 14:45
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
Вакцинацијата против сезонски грип во Скопје почнува од утре. Годинава, како и минатата, набавени се околу 30.000 дози, со кои се опфатени и јавните и приватните здравствени установи.










