Според единствениот Избирачки список, право на глас во Битола имаат нешто повеќе од 77 илјади избирачи, распределени на 170 гласачки места.
Од Битола известува Ружица Ѓоршевска.
Според единствениот Избирачки список, право на глас во Битола имаат нешто повеќе од 77 илјади избирачи, распределени на 170 гласачки места.
Од Битола известува Ружица Ѓоршевска.
Репортерите на Македонската телевизија во текот на целиот ден ќе бидат на терен во целата држава, со информации за текот на гласањето. Гласачките места во Ченто навреме отворени.
Елизабета Мемиќ известува за гласањето во Ченто.
До 9 часот, од обработени 77 насто од пристигнатите податоци, гласале три проценти. Во Државната изборна комисија досега нема пријавено проблеми за текот на гласањето.
Каде има најголема излезност, а каде најмала, од ДИК известува Анита Димитријевска-Велковска.
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.
Демонстрации во Тел Авив и Ерусалим. Се бара предавање на преостанатите починати заложници. И израелските власти алармираа, милитантната група да ги исполни обврските и да ги врати останките од сите починати заложници. Во Газа пак, ООН алармираат за уништувањето во енклавата.
Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.
Масовни протести во САД на движењето „Без кралеви“. Граѓани, од сите 50 сојузни држави излегоа на улиците против политиките на претседателот Трамп за имиграцијата, образованието, безбедноста.
Европа мора да преземе мерки за да ја заврши војната на Русија во Украина, став на германскиот канцелар. Европјаните мора да ја поддржат Украина финансиски, политички и воено, за брзо да ја заврши војната, нагласи Мерц.
Во Штип со право на глас се над 41.000 избирачи. Оваа бројка е помала за околу 800 гласачи, споредено со последните парламентарни и претседателски избори.
Како тече изборниот процес во Штип, известува Славица Величковска.