Од регионалниот пат Тетово – Јажинце се до влезот во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и болницата за белодробни заболувања. Лешок доби комплетно обновен пат.
Вести
-
Македонија 26.08.2014 15:18
-
Македонија 26.08.2014 14:52
Почина сведок на судење
Сведок на обвинителството почина во судница додека даваше исказ за случајот Машинопромет. Пред почетокот на судењето сведокот рекол дека е возбуден, а потоа му се слошило и паднал од говорницата.
-
Македонија 26.08.2014 14:30
Тепачка во Собранието меѓу пратениците на ДУИ и ДПА
На расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет на која се разгледуваше предложениот ребаланс на Буџетот дојде до физичка пресметка меѓу пратеницитe Орхан Ибраими од ДПА и Талат Џафери од ДУИ.
-
Култура 26.08.2014 14:22
Ко Ун прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија
Добитникот на Златниот венец на „Струшките вечери на поезијата“ корејскиот поет Ко Ун е прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.
Пренесете ја вистината за Македонија преку безграничната љубов на вашата поезија,му порачаа македонските поети на Ко Ун.
-
Македонија 26.08.2014 14:15
Верижен судир на мостот „Гоце Делчев“
Во верижен судир на дури 5 возила утрово на мостот Гоце Делчев во Скопје биле повредени две жени кои биле префрлени на лекување во Градската болница.
Увидот и прекинот во сообраќајот на втората коловозна лента траеле подолго време, а сообраќајот се одвиваше под отежнати услови.
-
Свет 26.08.2014 14:12
Мелбурн најдобар град за живеење во светот
Престижниот лондонски Економист направи студија за да утврди во кој град има најдобри услови за живеење од десет рангирани градови 7 се во Канада и во Австралија, а само два во Европа .
-
Македонија 26.08.2014 14:08
Градската општа болница „8-ми Септември“ е прогласена за болница на годината
Според годишниот извештај за 2013 година - Градската општа болница „8 Септември“ е прогласена за болница на годината- во неа се изведени најсложените операции.
-
Свет 26.08.2014 13:55
Украинска криза - Очите свртени кон Минск
Владимир Путин, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, односно претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан, денеска ќе се сретнат во Минск со нивниот украински колега Порошенко.
-
Свет 26.08.2014 12:49
Западна Африка ја губи битката со еболата
Западно африканските земји и натаму ја губат битката со еболата. Освен за пациентите, смртносниот вирус се повеќе станува фатален и за медицинските работници.
-
Свет 26.08.2014 11:48
ОН се вклучува во обидите за ставање крај на судирите во Газа
Обединетите Нации би можеле да се вклучат во обидите за ставање крај на судирите во појасот Газа.










