Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека Русија планира да испрати уште еден хуманитарен конвој во источна Украина во наредните неколку дена. Лавров додаде и дека хуманитарната состојба таму се влошува.
Вести
-
Свет 25.08.2014 13:41
-
Македонија 25.08.2014 13:20
Македонски државјани повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград- Ниш
Една жена е потешко повредена, а двајца минале со полесни повреди по сообраќајната несреќа што се случила утрово во осум часот на автопатот Белград- Ниш, објави РТ Србија.
-
Свет 25.08.2014 13:16
Француската влада поднесе оставка
Оставката на француската влада доаѓа непосредно по сериозните критики кои беа израечени од министерот за Економија Арно Монтебург и образование Беноа Хамон во однос на економската политика која ја спроведува француската влада.
-
Свет 25.08.2014 12:46
Најмалку 10 загинати и над сто повредени во стампедо во Индија
Најмалку десет лица, од кои пет мажи и пет жени загинаа изутрината во стампедо во хинду храмот Камнтанат Пахад во индиската држава Мадја Прадеш. Властите соопштија дека има над сто повредени, дел од нив се со сериозни повреди. Очевидците велат дека сликата била стравотна.
-
Економија 25.08.2014 12:42
Почна изградбата на ТИРЗ Струга
Градбата на инфраструктурата во зоната ќе ја следи динамиката на градење на објектите на странските инвеститори, најавуваат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.
-
Економија 25.08.2014 12:20
Мини-ребалансот на Буџетот влезе во собраниска процедура
Одморите завршија, мини ребалансот на Буџетот влезе во собраниска процедура и веќе се рагледува на матичната комисија. Државната каса е предвидено да се корегира за околу 2 процента.
-
Свет 25.08.2014 12:07
Швајцарија - Се судрија два туристички авиони
На истокот од Швајцарија се судриле два туристички авиони при што шест лица биле потешко повредени. Пожарникарите, итна помош и спасувачки тимови се на местото на несреќата.
-
Економија 25.08.2014 11:48
Умереното време ќе го спаси родот
Неделава според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи во поголем дел од земјава ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а ќе има и услови за локален краткотрен пороен дожд со пониска температура за 4 до 5 степени.
-
Македонија 25.08.2014 11:42
Министерот Јолевски во официјална посета на Полска
Министерот за одбрана Зоран Јолевски престојува во работна посета на Полска. Освен средбите со неговиот домаќин министерот за одбрана, Јолевски ќе посети и повеќе единици на полската армија.
Повеќе детали од Варшава во вестите во 13 часот.
-
Македонија 25.08.2014 11:39
Уставните измени и ребалансот на буџетот пред собраниските комисии
Седумте нацрт амандмани на Уставот и ребалансот на буџетот денеска ќе се разгледуваат во матичните собраниски комисии, на првиот работен ден на законодавниот дом по летните одмори.









