Двајца Палестинци се убиени во најновите израелски воздушни напади врз Газа, во текот на изминатата ноќа. Соопштуваат дека бројот на убиени Палестинци од почетокот на војната на 8 јули, се искачил на 2 122 лица.
Вести
-
Свет 25.08.2014 11:37
-
Свет 25.08.2014 11:33
Првиот Британец заболен од ебола пристигна во Лондон
Првиот Британец заразен со вирусот на ебола со специјален транспорт пристигна од Сиера Леоне во Велика Британија на лекување во посебна изолациска комора во болница во Лондон.
-
Македонија 25.08.2014 11:29
Догани: Затворени се 6 од 9 сточни пазари во Македонија, граѓаните се безбедни од болеста син јазик
Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Абдулезел Догани за НетПрес, вели дека засега се затворени само сточните пазари кои се наоѓаат на 23 километри од жариштето каде е забележана болеста син јазик.
-
Македонија 24.08.2014 18:10
6 нови случаи на жолтица евидентирани во Скопје
6 нови случаи на жолтица евидентирани во Скопје, со што бројот на заболени во главниот град достигна 72 лица. Според ресорното министерство најголемиот број од заразените односно 27-мина се деца на возраст од 3 до 14 години. На ниво на општини, најкритично е во Шуто Оризари.
-
Македонија 24.08.2014 17:53
Груевски и Спасов ги посетија дечињата кои заминаа на бесплатен одмор
Премиерот Никола Груевски беше меѓу жителите на Струга. Прошетка по чаршијата и разговор со мештаните како се живее во градот. Стружани имаа можност лично да ги пренесат размислувањата за одредени прашања од локален карактер.
-
Свет 24.08.2014 17:40
Куче изберено за градоначалник во САД
Новиот градоначалник на Карморант во американската сојузна држава Минесота е 7-годишно куче. Се вика Дјук и ги добил изборите со повеќе гласови од неговите против кандидати.
„Ме следи насекаде. Гласав за него“, изјави Дејвид Рик, сопственик на Дјук.
-
Македонија 24.08.2014 17:34
Полицијата спречи обид за самоубиство
36 годишната жена, ја прескокнала оградата и се фрлила во водата, но ја забележале совесни полицајци кои ги повикале колегите на помош и притрчале да ја спасат. Пред да потоне, од водата ја извлекле зашеметената жена, повикале итна помош и ја однеле во болница.
-
Свет 24.08.2014 17:21
Експертите за растечкиот неонацизам во Европа
Кога Америка преку борците за човекови права и Стејт депарментот го пали црвено светло за проблемот со неонацизмот во Европа тогаш е јасно, смета новинарот Ивановски, чијшто фах е надворешната политика, дека на стариот континент нешто сериозно се случува.
-
Македонија 24.08.2014 17:01
Вевчани прераснува во спортско-туристички центар
Вевчани е на добар пат да го развива и спортскиот туризам. Новата повеќенаменска спорстска сала што ќе биде готова за три месеци ќе ги привлече младите од регионот кои на надморска височина од 850 метри, во прекрасен природен амбиент ќе спортуваат и ќе рекреираат.
-
Свет 24.08.2014 16:45
Животот во завојуваниот Доњецк
Стравот од постојаните напади го принудил ова многу члено семејство да живее под ист покрив. Меѓутоа, имаат различни ставови за кризата што е закана за поделби. Александар Кобзев, свештеник и таксист, ја брани владата во Киев, којашто во моментот го бомбардира градот.










