Денеска се очекува да бидат познати резултатите дали ист производ ги заразил заболените од листерија.
Се испитуваат 500 мостри во три лаборатории. Министерството за здравство веќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.
Денеска се очекува да бидат познати резултатите дали ист производ ги заразил заболените од листерија.
Се испитуваат 500 мостри во три лаборатории. Министерството за здравство веќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.
Европската унија ги прошири санкциите против Русија, врз нафтениот сектор, банките, оружјето и чувствителните технологии. Ќе се прошири и списокот на руски функционери на кои ќе им биде замрзнат имотот и забрането да патуваат.
Македонија има потенцијали кои не се до крај искористени. Земјата треба да испрати суптилна порака до светот за да се етаблира како атрактивна туристичка дестинација. Генералниот секретар на светската туристичка организација Талеб Рифаи не ги крие импресиите стекнати во земјава.
Денеска околу 13 часот, при обид за грабеж на неколку зларатници во центарот на Дебар, две лица се повредени, кои потоа биле згрижени во Скопскиот клинички центар.
Лекарите овде се во чекор со најдобрите во Европа. Пациенти примени со најтешки повреди, од „Свети Еразмо“ си заминале буквално одејќи исправено. Лекување деформитети на рбет и издолжување на екстремитети, ова е нивната специјалност по која се издвојуваат од останатите.
Доколку државниот интерес е приоритетен за опозицијата - очекувам од септември Собранието во полн состав да ги донесе и уставните и буџетските корекции – брифираше спикерот Вељаноски на средбата со медиумите доколку се нормализира политичкиот дијалог.
Вкупно 2500 анализи на 500 примероци од храна се земени во вонредните контроли откако беа ресгистрирани заболените од листeрија. Дваесет и четири часа се работи во Лабораторијата за храна на Институтот за јавно здравје.
Огнено и ладно оружје, мартин, берданки, дебарски кубури, ками, мануфактурно и сериски изработено, старо и преку 200 години во крушевската леарница ја раскажува приказната за македонскиот непокор, буните и востанијата и за илинденската епопеја.
Во до сега најкрвавата ноќ во Газа, над 100 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади од воздух, море и од копно. Цели седум семејства збришани, меѓу загинатите има и вработени на Обединетите нации. Во најава е зголемен притисок врз Хамас.