Вести

  • Свет 17.05.2014 16:42

    Најмалку 43 загинати во воен судир во Либија

    Либиската нерегуларна војска, со поддршка од хеликоптери, се судри со исламистичките милиции во Бенгази. Убиени се најмалку 43 луѓе, а десетици се ранети.

  • Свет 17.05.2014 16:39

    Пад на воен авион во Лаос - загинаа неколку високи функционери

    Пет функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на Лаос, загинаа пад на воен авион во северниот планински дел од земјата. Во леталото имало 20 патници, меѓу кои и гувернерот на провинцијата Виентијан, каде што оделе на официјална церемонија.

  • Свет 17.05.2014 16:34

    Повторно судири во Украина

    Повторно се судрија припадниците на националната коалиција и федералистите. Руските медиуми јавуваат за жестоки борби во центарот и дека е сериозно повреден најмалку еден припадник на милицијата.

    Украинските медиуми известуваат дека местото на судирите го надлетуваат авиони.

  • Македонија 17.05.2014 16:21

    Со грант до свој бизнис

    Останал без работа во мегувреме станал и татко. За себе и за своето семејство видел шанса во грантот  од агенцијата за вработување.

    Со помошта од 3,000 евра отворил туристичка агенција.

  • Македонија 17.05.2014 16:03

    „Напред розово“ борба против ракот на дојка

    Вели- веста дека има карцином и бил најтешкиот миг во животот. Битката ја започнала со верување дека ќе успее. И успеала со желба и со позитивната енергија.

  • Македонија 17.05.2014 15:45

    Метео

    За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска

     

  • Економија 17.05.2014 15:06

    Странските компании го билдаат домашниот извоз

    „Џонсон Мети“  за мај и јуни најавува рекорден извоз од Бунарџик. Зголемен е обемот на производство. Компаниите од зоните ја засилуваат продажбата во странство.

  • Македонија 17.05.2014 14:59

    Примена на 13 Универзитети!

    Нејзината посветеност кон остварување на животната цел да стане врвен истражувач ја препознаа 13 од најпрестижните светски универзитети.Сама аплицирала и добила целосна стипендија. Патот до успехот вели го крои сама.

  • Економија 17.05.2014 14:41

    Спојување на берзите од регионот

    Хрватска, Бугарија и Македонија веќе формираа заедничка компанија  со седиште во Скопје, а брокерите земји полесно ќе тргуваат со акциите кои котираат на берзите во трите земји.

  • Македонија 17.05.2014 12:17

    17-ти мај, ден на реката Црн Дрим

    Денес во Струга се одржа прослава по повод обележување на Денот на реката Дрим, која се организира истовремено во сите држави кои го делат Басенот на Дрим а тоа се Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Pages