Во Авганистан е во тек голема безбедносна операција пред претседателските избори утре. Новиот претседател ќе го наследи Карзаи, кој е на власт од падот на Талибанците во 2001, и ќе владее по повлекувањето на НАТО кон крајот на годинава
Вести
-
Свет 04.04.2014 10:48
-
Свет 04.04.2014 10:46
Уапсени 25 Украинци за планирање на терористички напад
Руската безбедносна служба уапсила 25 Украинци за планирање на терористички напад за време на референдумот на Крим. Според ФСБ, уапсените биле членови на ултранационалистички движења и планирале акции во Русија. Украинската безбедносна служба остро негираше дека таа наредила такви напади.
-
Свет 04.04.2014 10:44
Криза во грчката влада
Криза во грчката влада предизвика Златна зора. Главната опозициска партија Сириза ја обвини власта на Самарас дека сака да и ги собере гласовите на крајната десница.
-
Македонија 04.04.2014 10:42
Стружани поделени околу важноста на осигурувањето на своите имоти
Стружани иако се сведоци на чести кражби како и несакани последици од надворешните природни влијанија тешко се одлучуваат за го осигураат својот имот.
-
Македонија 04.04.2014 10:31
Заштита на биоверзитетот на пелагониско- леринскиот регион
Само со стручни прекугранични капацитети може да се придонесе во заштитата на биодиверзитетот, кој од секогаш не признавал граници. Експертите сметаат дека примарно внимание заслужува рисот, чиј опстанок е подеднакво важен за двете земји.
-
Македонија 04.04.2014 10:08
„ФОРБС“: Македонија е бисер на балканот
Бисерот на Балканот, Македонија во 2014-та ќе има економски раст од 3 проценти поголем од соседите Албанија, Бугарија, Грција и Србија, се наведува во најновиот натпис за Македонија во најчитаното американско економско списание „Форбс“.
-
Економија 04.04.2014 09:39
„Визер“ од денеска со директен лет Скопје- Париз
Нискобуџетната компанија „Визер“ од денеска ја воведува директната авиолинија Скопје-Париз. Компанијата на оваа релација ќе сообраќа два пати во неделата од аеродромот „Александар Велики“.
-
Македонија 04.04.2014 09:31
Продолжува кампањата на претседателските кандидати
Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во Куманово, а средби со граѓаните ќе реализира во Брвеница, Јегуновце и Липково. -
Македонија 04.04.2014 09:23
Одбележување на денот на НАТО во Дом на АРМ
Денеска во организација на Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, во Домот на АРМ во Скопје, ќе биде одбележан Денот на НАТО. -
Македонија 04.04.2014 09:16
Подобри услови за пристап до ИПАРД фондовите за градинарите
За градба, реконструкција и модернизација на пластеници и стакленици, за производство на зеленчук и расадници, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.









