Вести

  • Свет 24.03.2014 12:15

    Руски војници ја контролираат поморската база Феодосија

    Руски војници изутрината ја превзеле контролата на поморската база Феодосија од украинските воени сили, изјави потпаролот на министерство за одбрана. Нема информации за повредени.

  • Македонија 24.03.2014 12:06

    Панорамските автобуси на ЈСП од денеска повторно низ Скопје

    ЈСП „Скопје“ информира дека од денеска во сообраќај, на редовните линии се пуштени панорамските автобуси.
     
    Во Скопје има 16 панорамските автобуси. Автобусите за панорамско разгледување на главниот град ќе сообраќаат во два термина во 11 и во 13 часот. 
     
  • Култура 24.03.2014 11:34

    „Париз, те сакам“ во Чифте амам

    Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, денеска ќе биде отворена изложбата  „Париз, те сакам“, со дела на 41 македонски уметник кои во изминатите години беа на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз (Cite internationale des Arts).  
  • Свет 24.03.2014 11:25

    Крим: Во промет е руската рубља

    На Крим од денеска во употреба во платниот промет официјално влегува руската рубља, јави ИТАР-ТАСС. Некои институции во Симферопољ, пред се, хотели и ресторани, уште пред 24 март веќе почнаа да ја примаат рубљата како средство за плаќање.
  • Македонија 24.03.2014 10:57

    Штитовите од Бонче се враќаат во Прилеп

    Штитовите од Бонче, стари над 2.300 години конечно после цели 6 години ќе се вратат во музејот во Прилеп. Тие досега беа на конзервација во Конзеваторскиот центар во Охрид.

  • Македонија 24.03.2014 10:47

    ДИК треба да го заклучи избирачкиот список

    Државната изборна комисија се очекува денеска да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори, откако за време на викендкот Управниот суд ги одби тужбите на СДСМ и на ДУИ.
     
  • Македонија 24.03.2014 10:42

    Инвестиции во Вевчани за побогата туристичка понуда

    Во Вевчани се гради спортската сала која ќе биде завршена во јули или август оваа година, а од таму  додаваат дека меѓу проектите кои ќе се реализираат оваа година е изработка на физибилити студија за изградба на ски центар на планината Јабланица со средства од

  • Македонија 24.03.2014 10:31

    „Ден на реката Дрим“ за подигнување на еколошката свест

    Со низа активности петте земји кои гравитираат во Дримскиот басен во иднина  5 мај ќе го одбележуваат како Ден на реката Дрим.

  • Македонија 24.03.2014 10:22

    Пролетна акција „Здравје за сите“ во Скопје

    Во пресрет на пролетта, граѓаните од Скопје, имаа можност во предходните три дена, на четири различни локации во градот, во рамките на програмските активности на Министерството за здравство, да добијат бесплатни превентивни прегледи. 
  • Свет 24.03.2014 10:20

    МРТ ексклузивно во Музејот за криминал и казни во Вашингтон

    Како се откриваат криминалците во Америка? Преку лабораторијата за анализа на докази од местото на криминалното дело, каде се анализираат отпечатоци, ДНК од можните сторители. Сето ова може да се види во Музејот за криминал и казни во Вашингтон.

Pages