Подрачјето на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на јужно воздушно струење, така што и утре нѐ очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
За подетални информации...
Подрачјето на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на јужно воздушно струење, така што и утре нѐ очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
За подетални информации...
Двајца поранешни вработени во МВР и еден лекар обвинети за уцена и изнуда во случајот „Шпион“ ја дадоа својата одбрана јавно. Иако постојат аудио снимки што тајно ги направил првообвинетиот Марјан Ефремов тие негираа дека припаѓаат на група која го уценувала докторот Бобан Пешиќ.
Според Евангелос Венизелос, кој е во Белград на средби со српскиот државен врв, претседателот Томислав Николиќ можел да помогне во надминувањето на разликата околу името со Македонија, јавува постојаниот дописник на МРТ од Србија.
Ова е ставот на членовите на Македонскиот манифест во пресрет на посетата на Евангелос Венизелос, грчкиот шеф на дипломатијата на Република Македонија в четврток, во рамките на турнејата низ земјите од Западниот Балкан.
Германската компанија Кромберг и Шуберт во зоната „Жабени“ годинава очекува да проработат и првите соседи. Во фабриката за автомобилски кабли веќе четири месеци се произведуваат БМВ-модули за Мини Купер и X-1. Наскоро очекуваат работа и за Мерцедес и Ауди.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими во Центарот за европски политики во Брисел имаше обраќање за „Европската иднината на Македонија – Перспективите и предизвиците“.
Од денеска заинтересираните сопственици на продавници и бензиски пумпи со дозвола од Министерството за здравство ќе можат да продаваат лекови што не одат на рецепт.
Промовирани нови монографии од едицијата “Дејци”.
Античка монета, откриена е на скопскиот аеродром Александар Велики, при претрес на грчки државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Виена.