Вести

  • Македонија 15.01.2014 14:16

    Заострена дисциплината кон фирмите неплаќачи

    Деловниот амбиент постојано се подобрува . Нови фирми  ќе се регистрираат исклучиво по електронски пат за нула денари , а мрежата на овластени регистрациони агенти  постојано  се зголемува.По барање на Коморите рокот за доставување  завршни сметки се продолжува .

  • Македонија 15.01.2014 14:08

    Пререгистрација на осигурениците во Велес

     Невработените лица  кои здравствено осигурување остваруваат по тој основ од први наредниот месец ќе треба да извршат пререгистрација .

  • Култура 15.01.2014 13:33

    СФФ доби втора награда на „Филм фестивал постер авордс’’

    Скопскиот филмски фестивал доби сребрена интернационална награда на „Филм фестивал постер авордс’’ за најдобар плакат во 2013. Тој е во друштво со фестивалот во Карлови Вари и со уште три други фестивали.

  • Свет 15.01.2014 13:10

    Во Индија силувана туристка од Данска

    Најновата жртва на индиските силувачи е 51-годишна жена од Данска. Се загубила на патот до хотелот во главниот град Делхи и кога сакала да праша за правецот, била нападната од група мажи, силувана и ограбена со нож под грлото. Успеала да стигне до хотелот каде што го известила менаџерот.

  • Македонија 15.01.2014 13:03

    Турската млекарница инвестирала 13 милиони евра

    Млекарницата „Суташ“ во Македонија инвестирала 13 милиони евра, а вработила 80 лица, информираа од менаџментот.  Млекото го откупува од петстотини фарми во земјава. Капацитетот на млекарницата е 180 тони со можност за зголемување до четиристотини тони.

  • Македонија 15.01.2014 12:46

    Повеќе пари за науката

    Програмата за научно-истражувачката дејност е тешка 108 милиони денари, 18 милиони повеќе од лани.Со ова се подржуваат квалитетните проекти на државните установи и граѓанските здруженија, како и на научно истражувачкиот персонал во земјава.

  • Македонија 15.01.2014 12:35

    Детска радост на зимски одмор

    Горан Талески од прилепското село Ропотово се  петчлена фамилија.Тој и неговата сопруга не се вработени, живеат само од производство на тутун. Талески ги испрати 2-те свои дечиња на бесплатен зимски одмор, кој го озвозможува Владата за социјално ранливите категории.

  • Македонија 15.01.2014 12:15

    Ховит: Ќе има “македонски” во Резолуцијата на ЕП

    Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, изјави за дописникот на МИА од Брисел дека се наоѓа под голем притисок за отстранување на придавката “македонски” од Резолуцијата за земјата, но потврди дека ќе се избори таа, сепак, да се најде во документот.

  • Култура 15.01.2014 11:57

    Македонска филхармонија со концертот „Патувања“

    Со синфонинскиот концерт „Патувања“ на 16 јануари во 20 часот, Македонската филахармонија ќе ве пренесе во инспиративниот и виртуозен музички свет на Феликс Менделсон.

  • Македонија 15.01.2014 11:03

    Ново продолжение на „Монструм“

    Во скопскиот кривичен суд и денеска ќе се сослушуваат сведоци за случајот Монструм. Тие веќе еднаш дадоа исказ, но денеска треба да се произнесат околу идентитетот на новообвинетиот во процесот Сами Љута.

Pages