Вести

  • Македонија 16.01.2014 11:50

    Заплена-помош за најзагрозените семејства

    Обувки, текстил, играчки. Прилепскиот центар за социјални работи на 120 ина најзагрозени семејства од регионот им ја дели помошта што стигна од Министерството за труд и социјална политика. Тоа е стока што државата ја заплени преку царината.

  • Македонија 16.01.2014 11:23

    Топлотен удар во Австралија

    Австралија е зафатена со топлотен бран поради кој се одложија турнирите на Австралија Опен. Во Мелбурн, каде што се играат тениските натпревари, температурата неколку денови е над 40 степени, а во Аделаида се очекуваат дури 46.

  • Свет 16.01.2014 11:14

    Египет ќе добие генерал за претседател

    Египќаните на дводневниот референдум масовно се изјаснија позитивно за новиот Устав на земјата. Според првичните резултати, излезноста на референдумот била 55 проценти, а за него позитивно сеизјасниле над 95 проценти од гласачите.

  • Македонија 16.01.2014 10:17

    Воз прегазил маж во населбата Железарница

    Возот што сообраќал на релацијата Скопје – Кичево удрил во маж, кој починал на самото место. Несреќата се случила на железничка постојка кај скопска Железарница. Во СВР Скопје случајот бил пријавен изутрината во 8 часот и 30 минутри. Оттаму ја потврдија информацијата за Македонската телевизија.

  • Економија 16.01.2014 10:10

    Сепак недоволен раст на светската економија

    ММФ идната недела ќе ги објави прогнозите за економскиот раст во светот во 2014-та. Иако Директорката на ММФ Кристин Лагард на првата конференција во Вашингтон во новата година не сакаше да посочи бројки, изјави дека тој во просек ќе биде под 4 проценти и се уште е многу низок.

  • Македонија 16.01.2014 10:04

    Поквалитетна услуга за обележување на добитокот

    Се либерализира пазарот за опрема за идентификација на добитокот. Исто така, поголем е квалитетот на услугите, а помали се трошоците на сточарите. 

    Набавка и дистрибуција на ушни маркички за добитокот и за домашните миленици наместо една, сега вршат четири фирми.

  • Свет 16.01.2014 09:37

    Убиен водач на екстремисти во руски Дагестан

    Според извори од антитерористичката единица, меѓу убиените е и водачот на терористите, Марат Идризов, кој е најверојатно одговорен за бомбашкиот напад пред полициската станица во која имаше три жртви во јужниот руски град Пјатигорск минатиот месец.

  • Македонија 15.01.2014 17:52

    4 нови члена во новиот лустраторски тим

    Tоме  Аџиев  за  претседател , Aгим  Лума за  заменик на лустрациската  комисија .
  • Македонија 15.01.2014 17:38

    Измени во Изборниот законик

    Нема пуштање објекти изградени со државни пари за време на изборна кампања. Ако не се почитува новиот договор за Изборниот законик, предивдена е затворска казна од 6 месеци до 1 година. Власта и опозицијата постигнаа консензус.

  • Македонија 15.01.2014 17:32

    Пензионираните генерали за професионалните војници

    Вистински потег во вистинско време и конечно решавање на статусот на професионалните војници кои се уште може многу да дадат од своето знаење,вака ја коментираат владината одлука пензионираните генерали.

Pages